Достапни линкови

Ѓерасов: Не се согласуваме работниците од РЕК да одат на принуден одмор


Игор Ѓерасов, претседател на СИЕР

Ние не се согласуваме со тоа дека работникот е непродуктивен и дека треба прво да се штеди врз грбот на работникот, вели претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство, Игор Ѓерасов за најавите дека работници ќе се испраќаат на принуден одмор поради енергетската криза.

Господине Ѓерасов енергетските компании имаа одредени побарувања во однос на тоа колку треба да поскапи цената на струјата. Нивните пресметки изнесуваа околу 40 отсто а тоа изнесува малку помалку од 10 отсто. Колку ова ќе влијае врз енергетските компании и дали може да предизвика отпуштања на работници во секторот доколку не ги добијат потребните побарувања?

Во разговор со синдикалните претставници на РЕК Битола конкретно каде што се најголем број од нашите членови и најголем број на вработените моментално се одржуваат состаноци дека во наредниот период предлагаат тие да не одат повеќе од три месеци на принуден одмор со 70 отсто од примањата. Се работи за оние вработени кои се со скратено работно време. Ние како синдикат не се сложуваме со овие барања од менаџментот на компанијата и во иднина цело време ќе ги следиме настаните и ќе излеземе со наш став и веќе имаме излезено со став, ние како СИЕР и како ССМ. Ние како синдикат нема да бидеме неми набљудувачи на процесот, бидејќи сите знаеме колкави се примањата на нашите работници. Воедно сме свесни дека енегетската криза е на глобално ниво, така да мислиме и дека нас нема да не одмине овој негативен тренд.

Кој е изговорот на РЕК Битола да ги испрати на принуден одмор работниците?

Ние не можеме да се согласиме дека непродуктивен трошок е работникот. Непродуктивни трошоци се знаат кои се. Изговорот е дека е енергетска криза и дека мора да се штеди на сите страни. Ние не се согласуваме со тоа дека работникот е непродуктивен и дека треба прво да се штеди врз грбот на работникот. Така да мислиме дека тој изговор не е на место и ние со нашите правни тимови ќе видиме дали тоа воопшто може да се реализира што менаџментот го има зацртано, бидејќи се знае законот за работни односи како пропишува, кои работници од кои причини може да бидат пратени на принуден одмор. Работникот се испраќа на принуден одмор доколку застане технолошкиот процес на една компанија и нема работа таа компанија. Во моментов компаниите кои се во сопственост на ЕЛЕМ работат така да ние ќе се повикаме на тие членови и ќе видиме како ќе испадне на крај. Ние ќе бидеме цело време синдикално будни и ќе ги следиме настаните што се одвиваат во наредниот период.

Енергетската криза во земјава настана поради тоа што навремено не се набави јаглен. Тенденцијата во светот и кај нас е производството на струја од јаглен да се напушта. Колку ова ќе има последи по работниците, нивно отпуштање и намалување на капацитетот на работа?

Нашата Влада во изминатиот период има потпишано дека нашите термоцентрали треба да престанат со призводство на струја од јаглен или во одредени ситуација како ТЕЦ Неготино од мазут и дека до 2030 година тие капацитети треба да бидат еколошки, односно зелени капацитети. Мислиме дека треба во наредниот период да работиме повеќе со менаџментот, да седнеме да виидме како е стратегијата во однос на нашите членови, нашите работици. Досега од страна на менаџментот немаат излезено со официјален став како ќе биде работата во наредниот период, односно дали ќе има престурктуирања, отпуштања евентуално која е стратегијата на Владата, дали ќе има и некои приватизации. Сега за сега до нас до синдикатите нема стигнато никакво барање од страна на менаџментот да се произнесеме. Доколку дојдат некои такви барања се знае дека ние ќе бидеме договорни и ќе излеземе во пресрет на нашите членови и нема да оставиме ништо на случајноста што и да се случува во наредниот период.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG