Достапни линкови

Што ќе се промени по смртта на кралицата Елизабета Втора

Телеграми со сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора пристигнуваат од лидерите од целиот свет. Во Обединтетото кралство сега ќе треба да се менуваат банкноти, монети и поштенски марки, ќе има и нови поштенски сандачиња, униформи и пасоши. Промени ќе претрпи и националната химна.

Почит и сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, како и пофалби за нејзиното 70 годишно владеење упатија светските лидери. Елизабета Втора почина во Балморал на 96-годишна возраст. Таа беше најдолго на престолот во британската историја, а стана кралица во 1952 година.

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека нејзиното наследство е големо за британската историја и за целиот свет.

„Во светот на постојани промени, таа беше постојано присуство и извор на утеха и гордост за генерации Британци, вклучително и многумина кои никогаш не ја познавале својата земја без неа“, се вели во изјавата на Бајден.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер напиша дека кралицата Елизабета Втора го отелотворува континуитетот и единството на британската нација повеќе од 70 години.

„Ја паметам како пријателка на Франција, љубезна кралица која остави траен впечаток на својата земја и нејзиниот век“, рече Макрон.

Рускиот претседател Владимир Путин ја пофали покојната кралица, велејќи:

„Многу децении Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици“.

Путин во телеграма испратил и сочувство до Чарлс во која, според Кремљ, напишал дека нејзината смрт е „ненадоместлива загуба“.

Жалење за смртта изрази и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Таа беше пример и инспирација за милиони луѓе, исто така овде во Германија. Нејзината посветеност на германско-британското помирување по ужасите на Втората светска војна ќе остане незаборавна, како и нејзиниот прекрасен хумор“, истакна Шолц.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш истакна дека на кралицата Елизабета Втора и се восхитуваат „за нејзината грациозност, достоинство и посветеност низ целиот свет“ и дека била смирувачка присутност низ децениите големи промени, вклучително и деколонизацијата на Африка и Азија и еволуцијата на Комонвелтот.

„Совесно им се придружувам на сите кои жалат за нејзината загуба во молитвата за вечниот одмор на покојната кралица и во оддавањето почит на нејзиниот живот во бесконечна служба за доброто на нацијата и Комонвелтот“, порача папата Франциск.

Со најтешко срце дознавме за смртта на најдолго владеењето на канадскиот суверен, Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, истакна канадаскиот премиер Џастин Трудо.

„Таа беше постојано присуство во нашите животи - и нејзината служба за Канаѓаните засекогаш ќе остане важен дел од нашата земја и историја“, рече Трудо.

Претседателката на ЕК, Урсула фон Дер Лајен порача дека со длабока тага дознала за смртта на кралицата.

„Таа беше шеф на државата со најдолг стаж во светот и една од најпочитуваните личности ширум светот. Изразувам искрено сочувство до кралското семејство и до Британците“, истакна шефицата на ЕК.

Животот на кралицата Елизабета низ фотографии

Принцеза Елизабета, 16.10.1951
1/35 Принцеза Елизабета, 16.10.1951
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата Елизабета и принцот Ендрју пристигнуваат на службата на благодарност за покојниот принц Филип. Лондон, 29.03.2022

2/35 Кралицата Елизабета и принцот Ендрју пристигнуваат на службата на благодарност за покојниот принц Филип. Лондон, 29.03.2022

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Членови на британското кралско семејство позираат со кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип, војвода од Единбург. Бакингемска палата, 20.11.1947-ма.
3/35 Членови на британското кралско семејство позираат со кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип, војвода од Единбург. Бакингемска палата, 20.11.1947-ма.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Елизабета го прима државниот меч пред крунисувањето на 2.06.1953.

4/35 Елизабета го прима државниот меч пред крунисувањето на 2.06.1953.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата Елизабета на денот на крунисувањето. 06.02.1953. Прво крунисување, пренесувано на телевизија.

5/35 Кралицата Елизабета на денот на крунисувањето. 06.02.1953. Прво крунисување, пренесувано на телевизија.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата, нејзиниот сопруг Филип со нивните деца.

6/35 Кралицата, нејзиниот сопруг Филип со нивните деца.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Британската кралица Елизабета и иранскиот шах Мохамад Реза Пахлави, Техеран, 02.03. 1961.
7/35 Британската кралица Елизабета и иранскиот шах Мохамад Реза Пахлави, Техеран, 02.03. 1961.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата со синовите Ендрју и Едвард во Бакингемската палата, 1971 година
8/35 Кралицата со синовите Ендрју и Едвард во Бакингемската палата, 1971 година
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата со американскиот претседател Џими Картер (десно) и со францускиот претседател Жискар Д Естен (лево) во Лондон, мај 1977

9/35 Кралицата со американскиот претседател Џими Картер (десно) и со францускиот претседател Жискар Д Естен (лево) во Лондон, мај 1977

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата со принцот Чарлс и тогаш, неговата вереница Дијана, март 1981-ва.

10/35 Кралицата со принцот Чарлс и тогаш, неговата вереница Дијана, март 1981-ва.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата со американскиот претседател Роналд Реган, при нејзината посета на САД 1983-та.
11/35 Кралицата со американскиот претседател Роналд Реган, при нејзината посета на САД 1983-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата Елизабета и нејзиниот син Чарлс на коњски трки, 1992-ра.
12/35 Кралицата Елизабета и нејзиниот син Чарлс на коњски трки, 1992-ра.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата со британската премиерка Маргарет Тачер на 70-тиот роденден во Лондон 1995-та.
13/35 Кралицата со британската премиерка Маргарет Тачер на 70-тиот роденден во Лондон 1995-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Лондон 2001-ва

14/35 Лондон 2001-ва

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата со рускиот претседател Владимир Путин, Бакингемска палата, Лондон 24.06.2003-та.
15/35 Кралицата со рускиот претседател Владимир Путин, Бакингемска палата, Лондон 24.06.2003-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
16/35
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата отвора биста на вајарот Оскар Немон во Домот на лордови во Лондон. 2009-та.
17/35 Кралицата отвора биста на вајарот Оскар Немон во Домот на лордови во Лондон. 2009-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата и престолонаследникот Чарлс. 2009-та
18/35 Кралицата и престолонаследникот Чарлс. 2009-та
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата положува венец на Граунд Зеро во Њујорк на 6-ти јули 2010-та.
19/35 Кралицата положува венец на Граунд Зеро во Њујорк на 6-ти јули 2010-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата со сопругот Филип на кралската галерија по повод државното отворање на парламентот во Лондон. Мај 2010-та.

20/35 Кралицата со сопругот Филип на кралската галерија по повод државното отворање на парламентот во Лондон. Мај 2010-та.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата и сопругот Филип позираат со гардата. 2010-та година.

21/35 Кралицата и сопругот Филип позираат со гардата. 2010-та година.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Средба на кралицата со папата Бенедикт 16-ти. Септември 2010-та.
22/35 Средба на кралицата со папата Бенедикт 16-ти. Септември 2010-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Полицајци на коњи пред Бакингемската палата.
23/35 Полицајци на коњи пред Бакингемската палата.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата во резиденцијата на ирскиот претседател, во прва посета на Ирска која стекна независност од Обединетоото кралство во 1922-ра. Мај, 2011-та.
24/35 Кралицата во резиденцијата на ирскиот претседател, во прва посета на Ирска која стекна независност од Обединетоото кралство во 1922-ра. Мај, 2011-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Малала Јусуфзаи и дава примерок од својата книга на Кралицата. Лондон 2013-та.

25/35 Малала Јусуфзаи и дава примерок од својата книга на Кралицата. Лондон 2013-та.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата се поздравува со претседателот на Авганистан Хамид карзаи. Лондон, 2013-та.
26/35 Кралицата се поздравува со претседателот на Авганистан Хамид карзаи. Лондон, 2013-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Монета од две фунти со ликот на кралицата.

27/35 Монета од две фунти со ликот на кралицата.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата ја пречекува британската премиерка Тереза Меј во Бакингемската палата. Лондон 13.06.2016-та.
28/35 Кралицата ја пречекува британската премиерка Тереза Меј во Бакингемската палата. Лондон 13.06.2016-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија кај кралицата во Бакингемската палата. Јуни 2019-та.

29/35 Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија кај кралицата во Бакингемската палата. Јуни 2019-та.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Британскиот премиер Борис Џонсон на прием кај кралица Елизабета. Лондон 24-ти јули 2019-та.
30/35 Британскиот премиер Борис Џонсон на прием кај кралица Елизабета. Лондон 24-ти јули 2019-та.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата на коњ во Винзор хоум парк
31/35 Кралицата на коњ во Винзор хоум парк
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Деца од основно училиште со кралицата. Шкотска 2021-ва.

32/35 Деца од основно училиште со кралицата. Шкотска 2021-ва.

Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Британскиот принц Чарлс со кралицата Елизабета, принцот Луис, војводката Кејт и принцезата Шарлота. Лондон, 02.06.2022. на прославата на 70-годишнината од владеењето на Кралицата.
33/35 Британскиот принц Чарлс со кралицата Елизабета, принцот Луис, војводката Кејт и принцезата Шарлота. Лондон, 02.06.2022. на прославата на 70-годишнината од владеењето на Кралицата.
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата на отворање на новата зграда на болницата Темза.15.07.2022
34/35 Кралицата на отворање на новата зграда на болницата Темза.15.07.2022
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Кралицата Елизабета ја прима новата британска премиерка Лиз Трас во замокот Балморал, Шкотска. 06.09.2022
35/35 Кралицата Елизабета ја прима новата британска премиерка Лиз Трас во замокот Балморал, Шкотска. 06.09.2022
Кралица со најдолг стаж на британскиот престол, кралицата Елизабета Втора, почина на 96 годишна возраст. Годинава славеше 70 години на тронот.
Previous slide
Next slide

Што ќе се промени по смртта на Елизабета Втора

Во Обединетото Кралство, сите банкноти и монети го прикажуваат лицето на кралицата, но сега по нејзината смрт, ќе има нови монети и готовина со ликот на кралот Чарлс Трети. Парите со ликот на кралицата ќе останат легално средство за плаќање до датумот кога тие повеќе нема да можат да се користат.
Ликот на кралицата се користи на валутата и во Канада, Австралија и Нов Зеланд кои постепено ќе треба да ги исфрлат овие пари од употреба.

Исто така, ќе треба да се направат и нови поштенските марки, наместо со ликот на кралицата, со новиот крал Чарлс Трети. Оние што имаат слика на кралицата ќе бидат постепено отстранети.

Иако по смртта на монархот, поштенските сандачиња не се заменуваат, сите нови направени, најверојатно ќе ја прикажуваат шифрата што ја избрал новиот крал. Шифрата на поштенските сандачиња сега е означена со EIIR или Елизабета II Регина. На латински Регина е кралица. Рекс е латински за крал.

Шифрата на кралицата се појавува на многу униформи во Обединетото Кралство, вклучувајќи ги и оние што ги носат полицајците и војската. Овие униформи најверојатно со текот на времето ќе се заменат со шифрата на новиот крал.

Промени ќе има и во пасошите на државјаните на Обединетото Кралство, бидејќи сега во нив е наведено „Државниот секретар на нејзиното британско височество бара и бара во името на нејзиното височество на сите оние на кои се однесува да му дозволат на носителот слободно да поминува без дозвола или пречки и да му се дозволи на носителот таква помош и заштита ако му биде потребна“. Затоа, новите издадени пасоши ќе бидат изменети за да ги одразуваат машките заменки на новиот крал. Сепак, веројатно е дека пасошите ќе треба да се обноват само откако ќе истечат.

Националната химна на земјата повеќе нема да биде „God Save the Queen“.Ќе се врати на верзијата за машки монарх, што е „God save the King“, со заменките во зборовите променети во машка верзија. Оваа верзија на националната химна последен пат била користена во 1952 година кога на тронот беше Џорџ Шести.

• 16x9 Image

Марија Митевска

Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

This item is part of
XS
SM
MD
LG