Достапни линкови

Шкријељ: Брз влез во системот на социјална заштита за они кои останале без работа


Илустрација

Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија во ситуацијата предизвикана од пандемијата добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ.

„За да добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост за лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци. Оваа мерка ќе трае два месеци, април и мај 2020. На ваков начин покажуваме дека системот на социјална заштита е така дизајниран што лесно се прилагодува на потребите на граѓаните, стигнува до оние на кои помошта им е најпотребна а најранливите членови на заедницата ниту во екстремни услови како моменталните, не се занемарени“, рече заменик министерот Бајрактар.

XS
SM
MD
LG