Достапни линкови

ФАО: Нема докази дека животните пренесуваат коронавирус


Нема докази за вмешаност на животните, односно добиток и домашните миленици, во ширењето на коронавирусот и нема потреба за преземање мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните, соопшти Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации - ФАО.

Наместо тоа, додаваат во соопштението, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика.

„Од почетокот на глобалното ширење на коронавирусот Ковид-19, ФАО соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето“, информираат од ФАО.

Оттаму посочуваат дека истрагите да се разбере епидемиологијата на Ковид-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек.

XS
SM
MD
LG