Достапни линкови

Стејт департмент: Во С. Македонија помалите верски групи се жалат на нееднаков третман од владата


илустрација
илустрација

Македонскиот Устав забранува верска дискриминација, се наведува во најновиот годишен Извештај на Стејт департментот за меѓународната верска слобода. Сепак, како што се додава, помалите верски групи продолжуваат да пријавуваат нееднаков третман на владата во споредба со главните верски заедници.

Во Извештајот се додава дека со измена на уставот се наведени пет религиозни групи кои автоматски добиваат ослободување од данок и други поволности: Македонската православна црква, Исламската верска заедница (ИВЗ), Католичката црква, Евангелистичката методистичка црква и Еврејската заедница.

Владата парите за факултетите на ИВЗ и МПЦ ги одобрила во февруари

Другите верски групи мора да се регистрираат за да ги добијат истите придобивки. Апликациите за регистрација од страна на Православната архиепископија во Охрид (ОАО), поврзани со Српската православна црква и Бектешката заедница, суфистичка група, останаа во постапка пред Основниот суд II во Скопје, по извештајот на Европската комисија во мај 2019 година.

Владата, како што се наведува во извештајот, продолжува да ги почитува претходните пресуди на Европскиот суд за човекови права дека треба да ги преиспита своите претходни одбивања на апликациите на овие групи.

Бектешката заедница од Тетово повторно извести за вознемирување на своите членови од страна на владата и ИВЗ. Стејт департментот во извештајот наведува дека ИВЗ вели оти владата продолжува да покажува фаворизирање кон Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), додека помалите верски групи продолжуваат да пријавуваат нееднаков третман на владата во споредба со петте уставно именувани групи.

Исто така во Извештајот на Стејт департментот се забележува дека во септември, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев испратија јавни писма во кои го молат вселенскиот патријарх Вартоломеј Први од Константинопол да ѝ дадат автокефалност на МПЦ-ОА, дејствија што Православната архиепископија во Охрид ОАО ги карактеризира како мешање на владата во верски работи.

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

На 7 февруари, владејачката политичка партија СДСМ, како одговор на антисемитски изјави на социјалните медиуми, ги осуди „сите форми на говор на омраза, антисемитизам или какво било друго директно или индиректно понижување или дискриминација на поединци и групи“.

Медиумите објавија неколку инциденти на кражби, а владата објави еден инцидент на вандализам против православни гробишта, во споредба со 12 дела кражби или вандализам на православни места во 2019 година.

Владата, исто така, објави една кражба во џамија. Во јануари, Еврејската заедница и Фондот за холокауст објавија на социјалните мрежи заедничка осуда за говорот на омраза и антисемитски коментари.

Кина, Русија и Иран меѓу најлошите за верски права

Во Извештајот американскиот Стејт департмент ја обвини Кина за „геноцид“ врз муслиманските Ујгури и другите верски малцинства, a исто така ги означи Иран и Русија меѓу најлошите прекршители на верските слободи во светот.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, го искористи објавувањето на годишниот Извештај за да ги именува најеклатантните кршители на верската слобода, што тој ги дефинира како универзално човеково право.

Кина ги отфрла обвинувањата за геноцид врз Ујгурите

„Верската слобода не може да се реализира целосно, освен ако не се почитуваат другите човекови права, и кога владите го кршат правото на својот народ да верува, тоа ги загрозува сите други“, рече Блинкен.

Администрацијата на Трамп во јануари рече дека политиките на Кина во Ксинџијанг претставуваат злосторство против човештвото и геноцид, позиција на која Блинкен повтори дека администрацијата на Бајден се согласува.

Даниел Надел, висок службеник во Канцеларијата за меѓународна слобода на Стејт департментот, рече дека ситуацијата во Ксинџијанг значи обид на кинеската влада „во суштина да го претвори целиот регион во затвор на отворено“. Надел рече дека Кина се обидува да „избрише еден народ, историја, култура од Земјата“. Б

линкен исто така ги спомна злоупотребите на верската слобода во Иран, Мјанмар, Русија, Нигерија и Саудиска Арабија.

Руските муслимански свештеници забрануваат меѓуверски бракови

„Во Русија, властите продолжуваат да малтретираат, приведуваат и запленуваат имот на Јеховините сведоци, како и на припадниците на муслиманските малцински групи под изговор на наводен екстремизам“, рече Блинкен.

Во самиот извештај се вели дека Русија продолжува да истражува, приведува, затвора, мачи и физички малтретира лица или им го запленува имотот заради нивната верска вера.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG