Достапни линкови

Со кои очила го гледате светот


Шпанија - корона вирус во шпанските градову

Интервјуто со министерот за надворешни работи Бујар Османи и суспензијата на твитер профилот на претседателот на САД Доналд Трамп во фокусот на вашите коментари на социјалните мрежи на РСЕ

Интервјуто на министерот за надворешни работи, Бујар Османи за РСЕ на македонски јазик има скоро стотина ваши коментари на нашата ФБ страница. Министерот Османи, покрај другото, вели дека нашите погледи кон соседите биле изградени во еден претходен систем, и тие биле антибугарски, антиалбански и антигрчки, а кога влегуваме во друг сојуз не сме можеле со истите очила да го гледаме светот и дека погледот кон соседите треба да се создаде во Скопје.

Османи- Бугарија сака дел од Преспанскиот договор да користи, а дел да одбие
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:28 0:00

И токму очилата предизвикале најмногу постови, во смисла, „Ако не гледаш ТИ смени си ги очилата, а ние со очи гледаме“ – како што напишал Ташко Стојанов. Аднан Рушити порачува министерот да „смени диоптрија“, но Еран Зекир му аплаудира и вели: „Браво, министре...“ Саше Мијалков постирал: „Не е проблем како ние ги гледаме Бугарите, проблемот е како они нѐ гледаат нас, исто како пред 100 години, треба да си глуп ако не гледаш по нивните изјави“. Потпишан со Стап Галкин вели дека „треба прво да научат да нѐ почитуваат како народ сите тие што ги набројуваш за да можат да очекуваат од нас да ги гледаме со други очи“. Па продолжува: „Од нив како народ имаме само лоши сеќавања низ историјата и понова и постара...“ По интервјуто на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, инаку, повторно се разбудени меѓуетничката нетрпеливост, барем кај оние што постирале на нашата ФБ страница, како и говорот на омраза и личните навреди до Османи, некои постови одат дури до 2001 година, се спомнуват Голема Албанија, Татаристан, фашисти и така натаму, и нив нема да ги цитираме.

Информацијата дека Твитер трајно го суспендира профилот на Трамп со образложение дека неговите твитови можат да предизвикаат нов бран насилства како она од пред некој ден, исто така ги поттикнала посетителите на ФБ страницата на РСЕ да коментираат. Тони Надица Стојанови напишал: „Повеќе е затоа што не им одговараат некои работи на Твитер, ФБ, Инстаграм, затоа блокираат профили“, а Есмин Акити напишал: „Тоа е нарушување на човековите права, пуштете го човекот“ – гласи неговиот пост. Стојан Хаџи Димитров шегаџиски: „Сеа ќе почне постови на ФБ како Грујо наш“, а Цветко Бојчовски во истиот стил: „Мислам дека ќе јадат гулаш заедно со Груевски“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG