Достапни линкови

Брзопотезни проекти за мали пари и привлекување гласачи


Се гради нова зелена површина на местото на дивата депонија кај Железничка станица Скопје

Секогаш пред избори се остваруваат брзопотезни проекти за кои не се потребни големи инвестиции. Дали ова ќе им донесе повеќе гласови на партиите е неизвесно, според активистите, затоа што станува збор за пракса која е веќе видена.

Работи кои се дел од секојдневни обврски или од тековно одржување неколку месеци пред избори се прикажуваат како големи проекти кои носат политички поени и служат за додворување пред граѓаните бидејќи се случуваат неколку месеци пред денот одреден за избори, велат упатените.

До овие коментари доаѓа откако деновиве локацијата кај надвозникот на железничката станица во централниот дел на градот која повеќе од 20 години беше дива депонија конечно е исчистена. Во моментов градежни машини работат на овој јавен простор за да никне мал парк и детско игралиште. ЈП Улици и патишта во изминатиов период ја исчистија депонијата и исфрлија над 15.000 кубни метри ѓубре.

Цела година надлежните се ја префрлаат топката, а пред избори работат

Никола Писарев граѓански активист вели дека секогаш пред избори се остваруваат брзопотезно проекти за кои не се потребни големи инвестиции и тоа според него зборува за неодговорност.

Тој вели дека јавните површини не одржуваат и се запоставени затоа што локалните власти си ја префрлаат одговорноста за тоа во чија надлежност е одреден локација.

„Не се средуваат затоа што има неодговорност, пренатрупаност на институции тоа е една стоглавост на надлежности, па ни граѓаните ни институциите не знаат што е во надлежност на градот а што на општините. Во еден таков хаос многу паркови и површини остануваат несредини и кога доѓаат избори под команда на "виша сила" односно партиите, се чисти, лидери им кажуваат да се среди тоа ,затоа пред избори сме сведоци на работа а по избори си ја префрлаaт топката“ вели Писарев

Депонијата кај железничката станица беше едно од проблематичните места во центарот на градот каде што со години се зборуваше за ѓубре кое беше извор на зараза наместо за естетика.

Оваа локација претставува секојдневно опкружување за луѓето кои живеат во станбените згради кои се наоѓаат во непосрена одалеченост на оваа локација

Граѓанин кој живее во зграда во непосредна близина на местото каде до пред неколку дена имаше дива депонија, вели дека добро е што некој се сетил да го исчисти ѓубрето, но прашува зошто тоа локалните власти не го сториле досега

"Не работеле досега толку години сега пред избори почнаа да го прават тоа. Толку години стои тоа место јас паметам најмалку 20 години е вака" ни изјави жител на скопската општина Аеродром.

Радио Слободна Европа ги праша за коментар и случајните минувачи кои поминуваа долж булеварот и ја гледаа забрзаната работа на багерите на местото кое со години го нагрдуваше овој дел на Скопје.

Градежни зафати и проекти за пред избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Дел од нив ни рекоа дека се работи на собирање политички поени и оти би сакале вакви активности да гледаат почесто.

"Најголем интензитет има на вршење работи пред избори, реално ова треба да го гледаме почесто, ама здравје така е во Македонија"

"Секогаш тоа се прави за избори. Тогаш се забрзуваат сите работи, а тие 4 години како да спијат претходно"

Но, друга граѓанка коментира дека добро е што локалните власти се сетиле за надвозникот на железничката станица за кое никој преходно не се сетил да го среди

"Се чисти се средува, да се види кој вреди" вели таа.

Може не е фер, но партиите им се доворуваат на граѓаните пред избори

Политикологот Соња Стојадиновиќ вели дека дека на граѓаните веќе не се среќни како порано кога гледаат дека властите забрзано остваруваат проекти кои се дел од нивните секојдневни обврски неколку месеци пред избори. На Стојадиновиќ и пречи што се претставуваат како големи чекори проектите за зазеленување кои не чинат многу пари.

„Проектите завршуваат или почнуваат во очи на избори и тоа се прави осум до шест месеци пред избори наместо да се работи од почеток на мандатот. Се прават проекти кои се обврски на локалната самоуправа, и затоа почнуваат да немаат ефект кај граѓаните. Тоа се работи кои се во рамки на секојдневни обврски на локалната самоуправа а власта ги претставува како големи проекти многу важани и скапи, и се фалаат со тривијални работи кои кои спаѓаат во список на секојдневни обврски“ вели Стојадиновиќ.

Може не е фер но партиите си го прават своето, вели Писарев кој на шега забележува дека добро е што често има избори во државава па може да се зачисти низ градот.

" Кај некои граѓани ова ќе има ефект, кај некои контра ефект " вели Писарев.

Во однос на одржувањето на јавните површини низ градот тој вели дека надлежните не се справуваат со обврските како што треба.

„Воопшто не треба тендери за тековни работи, тоа се вика тековно одржување. Одржувањето на јавни површини е запоставено, а тоа не чини пари. Често шетам низ парк наутро и гледам вработените доаѓаат во 8 часот фаќаат метли и потоа никаде ги нема до 12 часот, тогаш повторно ќе исчистат и тоа е се. “

Реконструкција на улици, обновување на фасади, уредување на паркови секои избори се дел од капањата на која се фокусираат партиите без разлика дали се работи за локални, парламентарни или претседателски избори.

Неодамна и државните службеници ги чистеа површините од ѓубре пред министерствата и дел од институциите.

Во овој момент локалните власти пак највија дека се чистат депонии и во општина Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, Аеродром, каде што најавија дека ќе никнуваат нови мали паркови, со цел јавниот простор да се заштити пред се од градежно дивеење, меѓутоа и од фрлање на ѓубре и отпад.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG