Достапни линкови

Симулација во Словенија - Епидемијата може да заврши до крајот на април


Илустрација, Словенија 17 март 2020 година.

Доктор Матјаж Лесковар од словенечкиот Институт „Јожеф Стефан“, направил анализа и симулација која покажува дека епидемијата со коронавирусот во земјата може да заврши до крајот на април, јави дописникот на МИА од Љубљана. Симулацијата е создадена по едноставен точкест модел на епидемија, а се користени јавно достапните податоците за начинот на ширење на вирусот и како се развива болеста Ковид-19.

Дополнително, д-р Лесковар изработи и повеќе сценарија за ширењето на вирусот во услови на почитување и непочитување на социјалното дистанцирање. Според тие податоци, доколку не се следат наредбите за изолација, бројот на заразени и заболени многу ќе се зголемува.

Во меѓувреме, според податоците на словенечкиот Национален институт за јавно здравје, бројот на заразени со коронавирусот во Словенија се зголеми на 528 лица, што е за 50 повеќе од вчера, пренесе МИА.

XS
SM
MD
LG