Достапни линкови

Се бара евтина тарифа на струјата за време на вонредната состојба


Група граѓани, преку иницијатива со 36.000 потписи, бара воведување евтина тарифа на струјата за време на вонредната состојба, заради повисоките режиски трошоци поради наредбите за останување дома како заштита од корона вирусот.

Тие се повикуваат на членот 71 од Уставот кој е во важност и во услови на вонредна состојба, односно дека 10.000 граѓани и натаму се овластени предлагачи, ако не на закон, тогаш на уредба со законска сила. Бараат иницијативата, потпишана од 36.000 граѓани, да биде разгледана на првата седница на Владата.

„Во вонредна состојба суспендиран е Парламентот, но граѓанските права не се. Може да се зборува за ограничување на нивните права, но во никој случај не може да стане збор за нивно целосно укинување. Во случајов, Владата ги презема ингеренциите и обврските на Парламентот, а една од ингеренциите и обврските на Парламентот е да одлучува по предлог закон на 10.000 граѓани. Така што, во услови на прогласена вонредна состојба, 10.000 граѓани се и натаму овластен предлагач на закон/уредба за законска сила“, велат од граѓанската иницијатива.

XS
SM
MD
LG