Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
12:06 24.2.2022

Ковачевски - Го осудувам чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина

Премиерот Димитар Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски

Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил.

12:02 24.2.2022
Милошоски: ЕУ, НАТО и ОН да бидат солидарни со Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00
Директен линк

11:55 24.2.2022

11:44 24.2.2022

Македонските политичари едногласни во осудата на руската инвазија врз Украина

Осуди за руската инвазија врз Украина стигнаа од претседателот, владините претставници, опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Реакциите на македонските политичари, часови по рускиот напад врз Украина се во насока на поддршка на Киев, украинскиот народ и осуда за Москва.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG