Руски тенкови и воени возила од Крим влегуваат во Украина
Украинските власти објавија видео на кое се гледаат руски тенкови и воени возила како преминуваат контролен пункт од окупираниот полуостров Крим на 24 февруари.
Кина повика на преговори за Украина и упати критики кон САД
Портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг, изјави дека „украинското прашање е сложено во неговата историска позадина. Она што го гледаме денес е меѓусебна игра на сложени фактори“ Целата информација ТУКА
Пендаровски го осуди рускиот напад врз Украина, закажана седница на Советот за безбедност
Македонскиот претседател Стево Пендаровски соопшти дека изразува силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина. Тој за денеска во 14 часот свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.