Достапни линкови

Реакции за датумот- разочарување, жалење, отворање врата за Москва и Пекинг


Македонско знаме и знамето на ЕУ

Откако стана јасно дека нема да има отворање на пристапни преговори со Скопје и Тирана не стивнуваат реакциите од странските политичари кои недвојбено изразуваат разочарување и предупредуваат на одговороност за можна дестабилизација.

Лидерите на Европската унија не успеаја да ги оживеат нивните ветувања за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова е екстремно разочарувачки. ЕУ сега треба да расчисти колку сериозни се нивните обврски кон интеграцијата на Западниот Балкан, напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер.

„Им благодарам на сите кои минатата ноќ ја ставија целата своја тежина на постигнување одлука од големо стратегиско значење за ЕУ и праќање сигнал а надеж за граѓаните на Западен Балкан“, напиша Хан.

Хан повтори, како и во Луксембург, дека ова не е момент со кој може да се гордее ЕУ.

„Да се одбие признанието на докажан напредок ќе има негативни последици, вклучително и ризикот од дестабилизација со целосен импакт врз ЕУ“, предупреди Хан.

Првиот човек на Европската народна партија, најголемата политичка група во Европскиот парламент, Манфред Вебер на својот профил на Твитер напиша дека Северна Македонија и Албанија заслужуваат европска перспектива.

„Во интерес на ЕУ ние треба да избегнеме креирање на нестабилност во регионот во кој стабилноста е многу потребна“, напиша Вебер.

Реагираше и италијанскиот премиер Џузепе Конте наведувајќи дека вчерашниот ден ќе биде запаметен како историска грешка.

„Албанија и Северна Македонија чекаат за прием во ЕУ отсекогаш. Се надевам дека разочарувањето нема да стане обезхрабрување. Италија секогаѓ ќе ги брани нив“, наведува Конте.

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон пак наведе дека многу разочарана што е пропуштена уште една можност да се покаже дека проширувањето е важно и да се одржат ветувањата. ЕУ е повторно заложник на Франција која не разбира и продолжува да ги поткопува нашите ЕУ интереси на Балканот.

Реагираа и неколку поранешни политичари. Поранешниот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен на Твитер наведе дека жали поради неможноста Европскиот совет да донесе стратегиска одлука и да ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија и да ги охрабри реформите. Ваквото краткорочно размислување ќе ги ослаби Европа и Балканот, ќе го поткопа кредибилитетот на ЕУ во регионот и ќе ги засили амбициите на Москва и Пекинг, напиша Расмусен.

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас наведе „некогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел“

Реагираше и поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас кој е и потписник на договорот од Преспа.

„Додека Сирија е во оган, недостига стратегиска визија во ЕУ. Пристапните преговори со Северна Македонија мора д почнат сега. Поддршка на Договорот од Преспа и стабилноста во Северо-источна Европа е императив. Инаку ЕУ ќе биде одговорна за какви било нови комликации во регионот“, напиша Коѕијас.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG