Достапни линкови

Северна Македонија меѓу Меркел и Макрон


Макрон во судир со Меркел за датумот за преговори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Макрон во судир со Меркел за датумот за преговори

"Прерано е за започнување на преговорите со Северна Македонија за членство во ЕУ", изјави францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Тулуз. Меркел, ова прашање ќе го покрене и на самитот на 28 земји членки в четврток и петок во Брисел.

"Прерано е за започнување на преговорите со Албанија и Северна Македонија за членство во ЕУ", изјави францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Тулуз. Тој прифати дека двете земји направиле значителен напредок во однос на домашните реформи, но таа засега не е доволно.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато морам да им кажам дека:"Овој пат ние сме тие на кои им треба малку повеќе време за да ги средиме работите", изјави Макрон по состанокот на двете влади во Тулуз.

Францускиот претседател Емануел Макрон се соочи со судир со германската канцеларка Ангела Меркел, откако Париз вчера остана изолиран во спротивставувањето на започнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија.

Ова го наведува новинската агенција Ројтерс, додавајќи дека Данска и Холандија на состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург застанале на страна на француското отфрлање на започнувањето на разговорите за пристапување со Албанија.

Во Париз, официјален претставник на француското претседателство изјави дека владата на Макрон нема да се согласи на започнување на разговорите сега.

„Овие земји ќе бидат дел од Европската унија еден ден, но рано е да се отвори правниот процес кон проширување “, изјави за Ројтерс неименуван претставник на претседателот Макрон.

Франција оценува дека ЕУ се соочува со премногу предизвици - вклучувајќи го и планираниот излез на Британија, Кина, миграцијата и безбедносните закани што ги поставува Русија за да дозволи влез на уште две држави од Балканот, регион кој сè уште има последици од војните во 90-тите години и се бори со криминал и корупција.

Новинската агенција Франс прес пак наведува дека постојат и мислења оти со проширувањето се ризикува да се внесат проблеми во Унијата, посочувајќи на тековните проблеми со корупцијата и правдата во Романија и Бугарија, кои се приклучија во ЕУ во 2007 година.

Од друга страна францускиот став предизвика загриженост за натамошно одложување на процесот што може да ги поттикне балканските држави да развиваат поблиски врски со Русија, Турција или Кина.

Во Берлин, пред денешниот редовен годишен германско француски самит владин претставник изјави дека ова е приоритетна работа за Германија и стратешко прашање за ЕУ.

Канцеларката Ангел Меркел ќе го покрене ова прашање на разговорите со Макрон“, го цитира Ројтерс претставникот кој додал дека Меркел прашањето за доделување датум ќе го покрене исто така и на самитот на 28 земји членки в четврток и петок во Брисел.

„Има добра причина да останеме ентузијасти. Јас сум оптимист. Се надевам дека Европскиот совет подоцна оваа недела ќе донесе позитивна одлука за проширувањето во однос на обете земји“, изјави по министерскиот состанок во Луксембург Тути Тупураиниен, министерката за европски прашања на Финска, земја која претседава со Евопската унија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG