Достапни линкови

Заев и Димитров како Владимир и Естрагон


Илустрација

Попрво ќе го дочекаме Годо, отколку датумот за преговори со ЕУ. Меѓу граѓаните владее разочарување и цинизам по студениот туш од ЕУ.

Заев и Димитров како Естрагон и Владимир, а датумот за преговори со ЕУ како Годо од познатата драма на Семјуел Бекет е една од поинтересните досетки на социјалните мрежи, по најавите дека Франција ќе блокира почеток на преговори за Македонија со Унијата.

Меѓу луѓето главно владее разочарување, а во коментарите не може да се скрие цинизмот и апатијата, особено по студениот туш од францускиот претседател Емануел Макрон во стилот на средношколско раскинување – не е до вас, нам ни треба повеќе време.

Дел од поддржувачите на владата сè уште се обидуваат да шират оптимизам, дел од нејзините противници ликуваат, сметајќи дека тоа е само неуспех на владата, а не и на државата, додека се чини дека најголемиот дел се чувствуваат како бадијала да го менувавме името. Некои потсетуваат дека владата лани го прослави добивањето на датумот, па цинично прашуваат како тоа сега нема датум.

Премиерот Зоран Заев пред неколку дена рече дека „верува до небо“ дека ќе добиеме датум.

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвини владата за неспособност.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров споделува мисли на Жан-Пол Сартр.

Нему му одговори поранешната министерка за култура Ганка Самоиловска Цветанова.

Се чини дека најголемиот дел од луѓето разочарувањето го вртат на смеа.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG