Достапни линкови

По Заев и Николовски, и Јанушев се откажа од патни трошоци


Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, објави дека нема да бара средства за патни трошоци како пратеник во македонското Собрание. Претходно на ваков чекор се одлучија и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, и неговиот партиски лидер Зоран Заев.

„Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот“, напиша Јанушев на Фејсбук.

Генералниот секретар на социјалдемократите, Николовски, претходно денеска објави дека тој и Заев вчера потпишале нотарски изјави дека се откажуваат од патните трошоци и ги повикаа и другите пратеници да го направат тоа.

XS
SM
MD
LG