Достапни линкови

Почина новинарката Јасмина Спасовска


Јасмина Спасовска

Здружението на новинарите соопшти дека по долго боледување, денеска во Скопје, почина Јасмина Спасовска, долгогодишна новинарка во областа на културата. Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на поранешната А1 телевизија.

„Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум“, соопшти ЗНМ.

XS
SM
MD
LG