Достапни линкови

„Не е смешно“, коментарите на Помпео за изборите и авторитетот на САД во светот

државниот секретар Мајк Помпео
државниот секретар Мајк Помпео

На својата позиција како главен американски дипломат, државниот секретар Мајк Помпео е задолжен за промовирање на демократските вредности низ целиот свет. Но, забелешката што ја направи за исходот од неодамнешните претседателски избориво САД, можеби на шега, испраќа збунувачки сигнали.

Коментарите на Помпео кои фрлаат сомнеж врз изборот на поранешниот потпретседател Џо Бајден за следен претседател на САД предизвикуваат загриженост и негодување, при што многумина се прашуваат каков сигнал неговите забелешки можат да испратат до луѓето во Соединетите држави и во странство.

Неговите забелешки доаѓаат кога тој треба да замине на турнеја за време на која ќе ја посети и Грузија, која е зафатена со протести по тврдењата на опозицијата за местење на гласови на последните парламентарни избори.

Тој ќе ги посети и Турција, Израел и Обединетите Арапски Емирати и најверојатно ќе се состане со светските лидери кои веќе му честитаа на Бајден.

Иако останува нејасно дали се шегуваше, коментарите на Помпео кои подразбираа дека претседателот Доналд Трамп се уште може да биде реизбран беа неверојатни, со оглед на тоа што Трамп одби да ја признае победата на Бајден.

И покрај фактот што Бајден обезбеди доволно гласови во Изборниот колеџ за да ја добие претседателската функција, Трамп и неговата кампања изнесоа неосновани обвинувања за изборни измами и се обидуваат да ги поништат резултатите преку судовите.

Зборувајќи на прес конференција во Вашингтон Помпео беше запрашан дали Стејт департментот работи со Бајден за да се обезбеди непречена транзиција на власта.

Трамп прогласен за победник на Алјаска и ја стеснува победата на избраниот претседател Бајден

Притоа тој одговори дека очекува „непречена транзиција, но кон втората администрација на Трамп“.

Помпео подоцна ги отфрли како „смешни“ сите сугестии дека тврдењата на Трамп без докази за широко распространета измама може да му наштети на кредибилитетот на Америка, додавајќи дека Трамп можеби победил на изборите.

„Нашите противници треба да знаат дека сме подготвени, ние продолжуваме да работиме, ќе работиме до јануари. И тогаш на 20 јануари ќе имаме транзиција, без разлика дали станува збор за втора администрација на Трамп за која зборував денес - или за администрација предводена од Бајден “, рече тој во интервју по прес конференцијата.

Во друго интервју, овој пат за Фокс њуз, Помпео го предупреди тимот на Бајден за, како што рече, несоодветни разговори со странски лидери. Тој посочи на законот Логан од 1799 година, со кој им се забранува на приватни граѓани да ја водат надворешната политика во име на Соединетите држави.

Ердоган му честита на Бајден за победата на изборите

Марк Такано, демократски член на Претставничкиот дом од Калифорнија, изрази вознемиреност од коментарите на Помпео.

„Работата на секретарот Помпео е да критикува авторитарно однесување во странство, но неговите коментари се потсмев на нашиот сопствен демократски процес“, напиша Такано на Твитер.

Бајден, барем јавно, се појави да ги отфрли забелешките на Помпео, велејќи: „нема докази“ што ги поддржува тврдењата за изборна измама.

Елиот Енџел, претседател во заминување на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом
Елиот Енџел, претседател во заминување на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом

Елиот Енџел, претседател во заминување на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом оцени дека Помпео „не треба да си игра со неосновани и опасни напади врз легитимноста на изборите“.

„Стејт департментот сега треба да започне да се подготвува за преминот на новоизбраниот претседател Бајден“, наведува Енгел, кој беше гласен критичар на Помпео.

Бајден побара единство на нацијата во победничкиот говор

Ричард Хаас, американски дипломат и претседател на Советот за надворешни односи, рече дека времето и контекстот значат дека изјавите на Помпео не се шега.

„Во друг контекст, во друг свет, во друго време, коментарот на Помпео за преминот кон втората администрација на Трамп можеби е смешен. Но, не во овој контекст, во овој свет, во ова време. Премногу се за нашата демократија и нашата позиција“, напиша тој на Твитер.

Ги Верхофштад, поранешен белгиски премиер, го крена сеништето на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го Помпео на Твитер за „опасно подготвување на теренот за авторитаризам во стилот на Путин!“

Изборни прослави и протести во САД

Луѓе се собираат за да ја прослават победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, 7 ноември 2020 година, во Вашингтон. Неговата победа дојде по повеќе од три дена неизвесност, бидејќи изборните претставници сортираа пмногу гласови по пошта, што ја одложуваше обработката на некои гласачки ливчиња.<br />
1/24 Луѓе се собираат за да ја прослават победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, 7 ноември 2020 година, во Вашингтон. Неговата победа дојде по повеќе од три дена неизвесност, бидејќи изборните претставници сортираа пмногу гласови по пошта, што ја одложуваше обработката на некои гласачки ливчиња.
Поддржувачи на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис во Мајами на 7 ноември 2020 година.
2/24 Поддржувачи на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис во Мајами на 7 ноември 2020 година.
Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис стојат заедно со сопружниците Џил Бајден и Даг Емхоф, откако беа прогласени за победници на претседателските избори, Вилмингтон, Делавер, на 7 ноември 2020 година,&nbsp;
3/24 Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис стојат заедно со сопружниците Џил Бајден и Даг Емхоф, откако беа прогласени за победници на претседателските избори, Вилмингтон, Делавер, на 7 ноември 2020 година, 
Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден со неговата сопруга Џил Бајден и членовите на нивното семејство ја поздравуваат толпата н во Вилмингтон, Делавер, на 7 ноември 2020 година.
4/24 Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден со неговата сопруга Џил Бајден и членовите на нивното семејство ја поздравуваат толпата н во Вилмингтон, Делавер, на 7 ноември 2020 година.
Поддржувач на претседателот Доналд Трамп ја држи својата рака на срцето за време на протестот на изборите надвор од Изборниот оддел на округот Кларк,&nbsp; 8 ноември 2020 година, во Северен Лас Вегас.
5/24 Поддржувач на претседателот Доналд Трамп ја држи својата рака на срцето за време на протестот на изборите надвор од Изборниот оддел на округот Кларк,  8 ноември 2020 година, во Северен Лас Вегас.
Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп се молат додека протестираат против изборите надвор од Изборниот оддел во округот Кларк,8 ноември 2020 година, во Северен Лас Вегас.
6/24 Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп се молат додека протестираат против изборите надвор од Изборниот оддел во округот Кларк,8 ноември 2020 година, во Северен Лас Вегас.
Претседателот на САД, Доналд Трамп се враќа во Белата куќа откако новинските медиуми го прогласија кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден, за победник на претседателските избори во САД во 2020 година, во Вашингтон, САД, 7 ноември 2020 година.
7/24 Претседателот на САД, Доналд Трамп се враќа во Белата куќа откако новинските медиуми го прогласија кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден, за победник на претседателските избори во САД во 2020 година, во Вашингтон, САД, 7 ноември 2020 година.
Луѓето слават наспроти Белата куќа во Вашингтон на 7 ноември 2020 година, откако Џо Бајден беше прогласен за победник на претседателските избори во 2020 година.
8/24 Луѓето слават наспроти Белата куќа во Вашингтон на 7 ноември 2020 година, откако Џо Бајден беше прогласен за победник на претседателските избори во 2020 година.
Луѓе го гледаат говорот на новоизбраниот претседател Џо Бајден, Тајмс Сквер, Newујорк на 7 ноември 2020 година.
9/24 Луѓе го гледаат говорот на новоизбраниот претседател Џо Бајден, Тајмс Сквер, Newујорк на 7 ноември 2020 година.
Членови на Алфа Капа Алфа, чиј член е и новоизбраниот потпретседател Камала Харис, го слават изборот на новоизбраниот претседател Џо Бајден и на Харис пред Музејот на уметноста во Филаделфија, ноември 8, 2020 година
10/24 Членови на Алфа Капа Алфа, чиј член е и новоизбраниот потпретседател Камала Харис, го слават изборот на новоизбраниот претседател Џо Бајден и на Харис пред Музејот на уметноста во Филаделфија, ноември 8, 2020 година
Поддржувач на Трамп со&nbsp; плакат на кој пишува &bdquo;Само законски гласови&ldquo; во Филаделфија, Пенсилванија, САД на 8 ноември 2020 година.
11/24 Поддржувач на Трамп со  плакат на кој пишува „Само законски гласови“ во Филаделфија, Пенсилванија, САД на 8 ноември 2020 година.
Приврзаници на Трамп ја пеат Националната химна додека протестираат против резултатите од претседателските избори во Лансинг, Мичиген, 8 ноември 2020 година.
12/24 Приврзаници на Трамп ја пеат Националната химна додека протестираат против резултатите од претседателските избори во Лансинг, Мичиген, 8 ноември 2020 година.
Група пријатели кои живеат во Њујорк слават откако поранешниот потпретседател Џо Бајден беше прогласен за победник на претседателските избори во САД&nbsp;
13/24 Група пријатели кои живеат во Њујорк слават откако поранешниот потпретседател Џо Бајден беше прогласен за победник на претседателските избори во САД 
Луѓе гледаат огномет откако медиумите објавија дека Џо Бајден победил на претседателските избори во САД во 2020 година, во Вилмингтон, Делавер,&nbsp;
14/24 Луѓе гледаат огномет откако медиумите објавија дека Џо Бајден победил на претседателските избори во САД во 2020 година, во Вилмингтон, Делавер, 
Приврзаници на претседателот Доналд Трамп протестираат против изборните резултати во во Остин, Тексас.
15/24 Приврзаници на претседателот Доналд Трамп протестираат против изборните резултати во во Остин, Тексас.
Поддржувачи на претседателот Доналд Трамп се молат за време на митингот во знак на протест против победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, 7 ноември 2020 година во Салем, Орегон.&nbsp;
16/24 Поддржувачи на претседателот Доналд Трамп се молат за време на митингот во знак на протест против победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, 7 ноември 2020 година во Салем, Орегон. 
Луѓе слават во близина на Белата куќа во Вашингтон, САД на 7 ноември 2020 година.
17/24 Луѓе слават во близина на Белата куќа во Вашингтон, САД на 7 ноември 2020 година.
Човек вее знаме откако медиумите објавија дека Џо Бајден победи на претседателските избори во САД, Вашингтон, 7 ноември 2020 година.
18/24 Човек вее знаме откако медиумите објавија дека Џо Бајден победи на претседателските избори во САД, Вашингтон, 7 ноември 2020 година.
Поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп извикуваат преку улицата кон приврзаниците на новоизбраниот претседател Џо Бајден ден по победата на претседателските избори на Бајден, во Филаделфија, Пенсилванија, 8 ноември 2020 година.
19/24 Поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп извикуваат преку улицата кон приврзаниците на новоизбраниот претседател Џо Бајден ден по победата на претседателските избори на Бајден, во Филаделфија, Пенсилванија, 8 ноември 2020 година.
Човек облечен како Uncle Sam слави пред Градското собрание во Филаделфија.
20/24 Човек облечен како Uncle Sam слави пред Градското собрание во Филаделфија.
Поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп во Лансинг, Мичиген, САД, 7 ноември 2020 година
21/24 Поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп во Лансинг, Мичиген, САД, 7 ноември 2020 година
Приврзаници на претседателот Доналд Трамп организираа митинг во Солт Лејк Сити.&nbsp;
22/24 Приврзаници на претседателот Доналд Трамп организираа митинг во Солт Лејк Сити. 
Луѓе се собираат за да го гледаат избраниот американски претседател Џо Бајден како држи, Тајмс Сквер во Њујорк, 07.11.2020 .
23/24 Луѓе се собираат за да го гледаат избраниот американски претседател Џо Бајден како држи, Тајмс Сквер во Њујорк, 07.11.2020 .
Птици летаат над Белата куќа, еден ден по победата на претседателските избори за поранешниот потпретседател Џо Бајден, Вашингтон, 8 ноември 2020 година.
24/24 Птици летаат над Белата куќа, еден ден по победата на претседателските избори за поранешниот потпретседател Џо Бајден, Вашингтон, 8 ноември 2020 година.
Previous slide
Next slide

Помпео на новинарско прашање за тоа како ќе се толкува отфрлањето на Трамп на изборните резултати во странство и дали ставот на Трамп ја загрозува позицијата на САД одговори:

„Поставивте прашање што е смешно. Овој оддел длабоко се грижи за да се осигури дека изборите низ целиот свет се слободни и фер, а моите службеници ги ризикуваат своите животи за да се осигурат дека тоа ќе се случи“.

Во блиското минато, Помпео и Стејт департментот изразија загриженост за нерегуларностите на изборите од Танзанија до Брегот на Слоновата Коска и Белорусија.

Помпео: Ако Русија плаќа Талибанци да убиваат Американци, ќе зажали
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:20 0:00

На Александар Лукашенко од Белорусија му беше доделен уште еден мандат на изборите на 9 август, кои Западот ги оценија дека се наместени.

Западот одби да го признае Лукашенко за легитимен лидер на Белорусија, а десетици белоруски официјални лица беа санкционирани од Соединетите држави, како и од Европската унија, во услови на бран протести кои беа сурово потиснати од режимот на Лукашенко.


Државниот секретар на САД, Помпео во посета на Грција

„Ние сакаме добри резултати за белорускиот народ и ќе преземеме активности во согласност со тоа“, изјави Помпео за РСЕ во Прага на 12 август.

Сега, 66-годишниот Лукашенко кој е на власт од 1994 година, ги искористи сомнежите за претседателските избори во САД, за да посочи дека Белорусија неправедно се издвојува.

„Да видиме како ОБСЕ ќе реагира на ова“, беше цитиран Лукашенко на 7 ноември од државната новинска агенција „Белта“. „Ајде да почекаме и да видиме дали германскиот парламент, ќе побара нови избори во Соединетите држави“.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро Каракас, 10 ноември 2020 година
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро Каракас, 10 ноември 2020 година

Во извештајот од јануари 2019 година реизборот Николас Мадуро не беше признат од САД и другите западни земји, а Стејт департментот напиша: „На 10 јануари, мандатот на поранешниот претседател Николас Мадуро заврши. Тој се обиде да остане на власт врз основа на неговото тврдење за „победа“ на претседателските избори нашироко осудени како неслободни и нефер“.

Од друга страна Трамп му честиташе на Путин за неговиот спорен реизбор во 2018 година, иако во неговите кратки белешки за телефонскиот повик беше напишано: „Не честитај“.

Трамп му честиташе и на актуелниот кениски претседател Ухуру Кенијата за „мирниот, фер и транспарентен натпревар“ во 2017 година, иако Врховниот суд на Кенија подоцна го поништи тоа гласање.

На неговата претстојна турнеја, Помпео треба да ја посети Грузија, каде што се протестира поради обвинувањата на опозицијата за местење на гласови за време на неодамнешните парламентарни избори.

Во своите разговори со високи грузиски официјални лица, Помпео, според американската амбасада во Грузија, ќе изрази „поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија“ и „ќе побара понатамошен напредок во демократските реформи“.

Дали неговите неодамнешни забелешки ќе ја намалат таа порака, останува да видиме.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG