Достапни линкови

Полска ги отвори училиштата за 150 илјади деца бегалци од Украина

Бегалци од Украина во Полска
Бегалци од Украина во Полска

Полска со посебен закон го регулира статусот на бегалци од Украина, па тие се сметаат за полски државјани, може да одат на училиште, да работат, да користат здравствени услуги. Половина од луѓето кои ја напуштиле Украина преминале во Полска. Во Македонија, пак, има малку бегалци кои престојуваат кај роднини и пријатели.

Околу 150 илјади деца бегалци од Украина одат на училиште во Полска, каде побегнале откако Русија ја нападна нивната земја. Украинските бегалци во Полска се третираат како полска државјани, па може да бараат работа, да користат здравствени услуги, да одат на училиште, вели амбасадорот на Република Полска, Војчех Тичињски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во Македонија, пак, има околу педесетина бегалци од Украина, но никој нема статус на бегалец, со што би ползувале повеќе можности што ги нуди државата.

Над четири милиони Украинци ја напуштиле земјава по инвазијата од страна на Русија која започна пред пет недели. Половина од бегалците побегнале во Полска со која Украина дели граница од 535 километри. Во Украина, на територијата што ја контролира Киев пред руската инвазија живееја околу 37 милиони жители, што значи дека од почетокот на војната Украина ја напуштило 10 проценти од населението.

Две-третини од бегалците ќе останат во Полска

Амбасадорот Тичињски вели дека околу два милиони и 400 илјади Украинци ја преминале границата и влегле во Полска. Но не сите остануваат во земјата. Според проценките на полските власти, вели амбасадорот, две-третини од овие луѓе ќе останат во Полска. Тој вели дека им било потребно време да се адаптираат на новонастанатата ситуација, но дека сега Парламентот усвоил закон со кој се регулира статусот на украинските бегалци и според него сега украинските деца можат да одат во полски училишта.

„Сега имаме 150.000 украински деца кои одат во полски училишта. Исто така Украинските граѓани се здобија со право да работат во Полска, се третираат како полски државјани, но ако не најдат работа што се случува бидејќи се работи за голема група граѓани и на почетокот на тој процес сме, тогаш може да добијат социјална помош од полската држава. Многу важно е здравственото осигурување бидејќи имаме различни ситуации со толку големи групи луѓе, некои имаат потреба од итна медицинска помош, па овој закон ни овозможи полскиот здравствен систем да ги третира како полски државјани и да имаат право на лекување“, вели амбасадорот Тичињски за РСЕ.

Украински деца бегалци сведочат за воениот масакар
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:52 0:00

Многу бегалци има и во Романија, Молдавија, Унгарија

Втора земја која примила најмногу украински беглаци е Романија во која влегле над 623 илјади луѓе, покажуваат податоците на телото на ОН за бегaлци, УНХЦР. Потоа следуваат Молдавија, Унгарија, Русија, Словачка итн. Во земјите членки на ЕУ децата од Украина се интегрирани во образованиот систем. Според УНХЦР половина од бегалците од оваа земја се деца.

Македонија не е на прва линија на земји кои граничат со Украина и каде заминале најмногу од бегалците. Луѓето кои доаѓаат од земјата во која има војна, главно се сместени кај свои роднини и пријатели, а доколку им треба помош се пријавуваат во Црвен крст. Досега никој не добил статус на бегалец, рекоа пред неколку денови од Владата.

Во Македонија луѓето од Украина сместени во „приватна режија“

Според информациите од Македонскиот Црвен крст најголемиот дел од бегалците се сместени во Скопје, Прилеп и Гевгелија. Во Црвен крст треба да се регистрираат за да добијат првична психо-социјална помош, но и храна, облека, хигиенски материјали. Како што појаснува Александра Ристевски од скопското одделение на организацијата, повеќето се жени со деца кои целиот живот го спакувале во еден куфер со најосновни работи. Пред да добијат помош од Црвениот крст мора да пријават престој во полиција. Во меѓувреме треба да решат дали ќе побараат азил, односно статус на меѓународна заштита во Македонија.

„Црвен крст секако дека дава поддршка во овој процес, и на државата и на државните власти, кажува, дојавува дека бројките се зголемуваат, дека треба да има олеснувања во целиот процес во делот на нивната регистрација којашто треба да ја добијат, нивната заштита и слично и тоа е многу важно бидејќи се работи за здравствена заштита, можности и услови за образовниот систем, градинките за децата и сето друго што им е загарантирано со една ваква заштита“, вели Ристовски.

Од Министерството за образование и наука не одговорија на прашањата на РСЕ за тоа под кои услови децата на украинските бегалци би можеле да се вклучат во редовното образование. Во однос на здравствената заштита за бегалци од Украина, од Министерството за здравство посочија ќе им биде обезбедена на сите кои имаат потреба од неа.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во земјава има околу 50 бегалци, во, како што рече, приватна режија. Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди 2 милиони евра за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја. Министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела рече дека ќе побара од Владата поактивно да се вклучи во однос на бегалците, односно да побара да згрижи одредена бројка на бегалци од земјите кои се преоптоварени, како што е на пример од Молдавија.

Хотелската асоцијација на Македонија и приватните издавачи на станови нудат 10 илјади легла за бегалци од Украина по значително пониски цени од вообичаените. Тие доставиле листа до владата со понудени места за евентуален бегалски бран од Украина.

Украина: Бегалци на границите, пукотници во градовите, антивоени протести низ Европа

Станбена зграда во Киев оштетена во гранатирањата на 26 февруари 2022. Украинските власти ги предупредија граѓаните да останат во засолниште бидејќи почнале гранатирања и улични борби
1/43 Станбена зграда во Киев оштетена во гранатирањата на 26 февруари 2022. Украинските власти ги предупредија граѓаните да останат во засолниште бидејќи почнале гранатирања и улични борби
Екслозија во Киев по соборување на воено летало
2/43 Екслозија во Киев по соборување на воено летало
Експлозија од летало над Киев, 25 февруари 2022
3/43 Експлозија од летало над Киев, 25 февруари 2022
Дете си игра до детски парк наспроти станбена зграда оштетена во нападите во Киев
4/43 Дете си игра до детски парк наспроти станбена зграда оштетена во нападите во Киев
Руско воено возило уништено во близина на Харков, 25 февруари 2022
5/43 Руско воено возило уништено во близина на Харков, 25 февруари 2022
Остатоци од уништено руско воено возило во близина на Харков, 25 февруари 2022
6/43 Остатоци од уништено руско воено возило во близина на Харков, 25 февруари 2022
Жител на Чугвив пред оштетена зграда по руската инвазија и бомбардирањата на Украина, 24 февруари 2022
7/43 Жител на Чугвив пред оштетена зграда по руската инвазија и бомбардирањата на Украина, 24 февруари 2022
Оштетена станбена зграда за време на нападите во Киев
8/43 Оштетена станбена зграда за време на нападите во Киев
Уништени руски воени возила во близина на украинскиот град Харков, 25 февруари 2022
9/43 Уништени руски воени возила во близина на украинскиот град Харков, 25 февруари 2022
Оштетена станбена зграда во Киев по руската инвазија на Украина
10/43 Оштетена станбена зграда во Киев по руската инвазија на Украина
Уништени руски воени возила во близина на украинскиот град Харков, 25 февруари 2022
11/43 Уништени руски воени возила во близина на украинскиот град Харков, 25 февруари 2022
Жена во јужниот украински град Хеническ се соочила со вооружен маж на 24 февруари кога Русија започна воен напад против Украина
12/43 Жена во јужниот украински град Хеническ се соочила со вооружен маж на 24 февруари кога Русија започна воен напад против Украина
Остатоци од уништен руски систем „Град“ во близина на Харков, 25 февруари 2022
13/43 Остатоци од уништен руски систем „Град“ во близина на Харков, 25 февруари 2022
Дете поминува покрај уништено оклопно возило на руските сили во близина на железничка станица во украинскиот град Ростов, 25 февруари 2022
14/43 Дете поминува покрај уништено оклопно возило на руските сили во близина на железничка станица во украинскиот град Ростов, 25 февруари 2022
Остатоци од неидентификувано летало кое по соборувањето паднало во станбен дел на Киев на 25 февруари 2022
15/43 Остатоци од неидентификувано летало кое по соборувањето паднало во станбен дел на Киев на 25 февруари 2022
Украинка расчистува во урнатините од станбена зграда во едно од предградијата на Киев, 25 февруари 2022
16/43 Украинка расчистува во урнатините од станбена зграда во едно од предградијата на Киев, 25 февруари 2022
Војник на украинската армија ги проверува остатоците од паднатиот руски авион во Киев на 25 февруари 2022
17/43 Војник на украинската армија ги проверува остатоците од паднатиот руски авион во Киев на 25 февруари 2022
Фотографија од уништено руско возило-носач на систем за лансирање ракети
18/43 Фотографија од уништено руско возило-носач на систем за лансирање ракети
Украинци поминуваат пред оштетена станбена зграда на улицата Кошица во едно од предградијата на Киев, 25 февруари 2022
19/43 Украинци поминуваат пред оштетена станбена зграда на улицата Кошица во едно од предградијата на Киев, 25 февруари 2022
Жител на Киев ги гледа остатоците од уништениот руски воен авион, 25 февруари 2022
20/43 Жител на Киев ги гледа остатоците од уништениот руски воен авион, 25 февруари 2022
Милитант во близина на училиште,за кое локалното население вели дека било уништено во бомбардирање - Горливка, доњецки регион, 25 февруари 2022
21/43 Милитант во близина на училиште,за кое локалното население вели дека било уништено во бомбардирање - Горливка, доњецки регион, 25 февруари 2022
Остатоци од уништено борбено летало кое удрило во куќа во Киев
22/43 Остатоци од уништено борбено летало кое удрило во куќа во Киев
Украински војници по руската инвазија на Украина се распоредуваат на фронтовските линии
23/43 Украински војници по руската инвазија на Украина се распоредуваат на фронтовските линии
UKRAINE -- Servicemen of the Ukrainian National Guard take positions in central Kyiv, Ukraine February 25, 2022.
24/43 UKRAINE -- Servicemen of the Ukrainian National Guard take positions in central Kyiv, Ukraine February 25, 2022.
Украински војници на позиција на мост во Киев, 25 февруари 2022
25/43 Украински војници на позиција на мост во Киев, 25 февруари 2022
Украински војници на позиција на мост во Киев, 25 февруари 2022
26/43 Украински војници на позиција на мост во Киев, 25 февруари 2022
Украински сили со воени заробеници од самопрогласената Луганска народна република кои биле заробени во близина на Луганск, за време на нападот на 24 февруари 2022
27/43 Украински сили со воени заробеници од самопрогласената Луганска народна република кои биле заробени во близина на Луганск, за време на нападот на 24 февруари 2022
Ранет жител на градот Чугвив чека да му биде укажана лекарска помош, 24 февруари 2022
28/43 Ранет жител на градот Чугвив чека да му биде укажана лекарска помош, 24 февруари 2022
Повредена жена фотографирана пред болница по бомбардирањето на источниот украински град Чугуив, 24 февруари 2022
29/43 Повредена жена фотографирана пред болница по бомбардирањето на источниот украински град Чугуив, 24 февруари 2022
Празни рафотви во пекарница во градот Мариупол во доњецкиот регион, 25 февруари 2022
30/43 Празни рафотви во пекарница во градот Мариупол во доњецкиот регион, 25 февруари 2022
Празни рафтови во маркет во градот Мариупол во доњецката област, 25 февруари 2022
31/43 Празни рафтови во маркет во градот Мариупол во доњецката област, 25 февруари 2022
Украински бегалци на украинско-молдавската граница, 25 февруари 2022
32/43 Украински бегалци на украинско-молдавската граница, 25 февруари 2022
Бегалци од Украина во непосредна близина на украинско - унгарската граница, кај граничниот премин Берегсурањи, Унгарија, 25 февруари 2022
33/43 Бегалци од Украина во непосредна близина на украинско - унгарската граница, кај граничниот премин Берегсурањи, Унгарија, 25 февруари 2022
Украинци во засолниште во Киев, 25 вефруари 2022
34/43 Украинци во засолниште во Киев, 25 вефруари 2022
Жена го храни детето на граничниот премин Убла. Илјадници бегалци од Украина бараат спас од војната бегајќи во соседните држави
35/43 Жена го храни детето на граничниот премин Убла. Илјадници бегалци од Украина бараат спас од војната бегајќи во соседните држави
Припадниците на унгарската армија чуваат стража во Васароснамени, Унгарија, додека луѓето бегаат од Украина во Унгарија, откако Русија започна масовна воена операција против Украина, 25 февруари 2022
36/43 Припадниците на унгарската армија чуваат стража во Васароснамени, Унгарија, додека луѓето бегаат од Украина во Унгарија, откако Русија започна масовна воена операција против Украина, 25 февруари 2022
На антивоените протести во Москва, Русија, руската полиција уапси поголем број граѓани и новинари кои известуваа за настанот
37/43 На антивоените протести во Москва, Русија, руската полиција уапси поголем број граѓани и новинари кои известуваа за настанот
Градската куќа во Сараево во боите на Украина во знак на поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет и во знак на протест против воената инвазија врз Украина
38/43 Градската куќа во Сараево во боите на Украина во знак на поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет и во знак на протест против воената инвазија врз Украина
Антивоени протести во Романија
39/43 Антивоени протести во Романија
Протест во Бугарија против руската инвазија врз Украина, 24 февруари 2022
40/43 Протест во Бугарија против руската инвазија врз Украина, 24 февруари 2022
Антивеон протест во црногорскиот главен град Подгорица
41/43 Антивеон протест во црногорскиот главен град Подгорица
Руската полиција уапсила околу 800 учесници на антивоените протести во Москва. Уапсени биле и тројца дописници на Радио Слободна Европа
42/43 Руската полиција уапсила околу 800 учесници на антивоените протести во Москва. Уапсени биле и тројца дописници на Радио Слободна Европа
Антивоени протести и протести за поддршка на Украина во Тбилиси, Грузија
43/43 Антивоени протести и протести за поддршка на Украина во Тбилиси, Грузија
Previous slide
Next slide

Безбедносни предизвици

Амбасадорот на Полска во Македонија, вели дека неговата земја на почетокот стравувала од евентуално проширување на конфликтот на нејзина територија и дека ситуацијата е опасна и за Романија, која исто така се граничи со Украина и за Балтичките земји. Тој вели дека на почетокот на конфликтот, песимизмот бил поголем, но дека сега ситуацијата е повеќе или помалку стабилна.

„Тоа е важно, но најважниот фактор е нашето членство во НАТО со познатиот член 5, кој вели дека доколку една членка е нападната од друга сите членки на Алијансата треба да преземат соодветни акции за да ја одбранат нападната земја“, вели амбасадорот.

Украинец кој превезува бегалци до Полска
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00

Амбасадорот вели дека полските власти многу сериозно ја сфаќаат иднината на своите војници и со политичка одлука на парламентарно ниво Полска ќе ги зголеми парите за воени цели и за одбрана, па почнувајќи од следната година ќе се издвојува околу 3 проценти од буџетот за одбранбени цели, што значи дека ќе ги дуплира трошоците за одбрана.

НАТО најави зајакнување на источното крило во Полска, Романија и Балтичките земји, а Киев побара помош во противвоздушно оружје за да одговори на нападите на руските сили. НАТО не ја прифати таквата идеја стравувајќи дека тоа би можело да испровоцира воени акции од страна на Руската Федерација.

Министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска, пред два дена изјави дека безбедносна состојба во земјава е стабилна и дека во моментот нема индиции за директни закани. Таа изјави дека досега не е донесена одлука за испраќање на припадници на нашата Армија на територија на источниот блок на НАТО.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари, по што многу западни земји воведоа санкции кон Москва.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

This item is part of
XS
SM
MD
LG