Достапни линкови

Плагијат и лажни дипломи во романските училишта


Романскиот премиер Николае Чиука е обвинет за плагијат на околу една третина од својата докторска теза.
Романскиот премиер Николае Чиука е обвинет за плагијат на околу една третина од својата докторска теза.

Романскиот премиер Николае Чиука е обвинет за плагијат на околу една третина од својата докторска теза. Тоа потикна низа прашања во Романија зошто мамењето е толку вообичаено во училиштата и универзитетите. Андреја Пора, Андреа Офитеру и Тони Весоловски.

Михаи Костаче се сеќава кога влегол во својата училница во средното училиште во романскиот главен град Букурешт пред неколку години, со книги и белешки во рака и ги ставил на своето биро. Бил подготвен да ги полага завршните испити. Во случај книгите да не беа доволни, тој ги знаеше и сите прашања што ќе се најдат на тестот.

„Сите ги знаевме сите теми што ќе бидат на тестот. Нашите наставници ни ги кажаа“, изјави Костаче за РСЕ, барајќи да не се користи неговото вистинско име.

Сега, успешен бизнисмен, Костаче сугерира дека не е многу променето, жалејќи се дека неговата ќерка, сега средношколка во Букурешт, го прави истото, вклучително и бесрамно копирање од интернет и притоа не се соочувала со никакви последици од нејзините професори.

Романија доби нова влада со што се стави крај на политичката криза

Мамењето, плагијатот и лажните дипломи со години ги мачат романските училишта и универзитети. Прашањето неодамна беше актуелизирано со премиерот Николае Чиука, обвинет за плагијат на делови од неговата докторска теза, обвиненија кои тој постојано ги негира.

Без поставени прашања

Неколку поранешни високи функционери, вклучително и премиери, исто така беа обвинети за плагијат.

Неволјите може да се проследат уште во комунистичката ера на Николае Чаушеску, кој ја водеше Романија помеѓу 1965 и 1989 година, кога мамењето беше широко распространето во училиштата и универзитетите.

Ретко се поставуваа прашања за доделените дипломи или завршената академска работа, вклучително и она што ѝ се припишува на сопругата на романскиот диктатор, Елена Чаушеску.

Романскиот лидер Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена, ноември 1989 година.
Романскиот лидер Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена, ноември 1989 година.

Таа важеше под режимот на нејзиниот сопруг како светски позната истражувачка по хемија, и покрај тоа што немаше веродостојни квалификации.

Денес, академици и истражувачи во Романија бараат да се отстрани името на Чаушеску од речиси дваесетина научни трудови и книги објавени како нејзина работа, повеќе од 30 години откако таа и нејзиниот сопруг беа погубени за време на романската револуција во 1989 година, последното и најкрваво поглавје во серијата востанија кои го соборија комунизмот во Источна Европа.

Романската православна црква прoтив промени во крштевањето по смртта на едно бебе

Чиука, кој е на функција само од декември 2021 година, е обвинет за плагијат на околу една третина од неговата докторска теза, која ја добил од Националниот одбранбен универзитет во Букурешт во 2003 година. Најмалку 42 од 138 страници од академската работа вклучуваат плагијат, според истрагата на романската новинарка Емилија Серџан.

Чиука, поранешен воен офицер, негираше дека сторил нешто лошо, велејќи дека неговиот докторат бил „изготвен во согласност со тогашните законски барања“. „Овие јавни обвинувања никако не можат научно да се поткрепат“, додаде тој.

Универзитетите во Романија почнаа да набавуваат софтвер против плагијат, но ни тоа не е лек.
Универзитетите во Романија почнаа да набавуваат софтвер против плагијат, но ни тоа не е лек.

И покрај неговите негирања, влијателниот опозициски политичар Дакијан Чиолос, од партијата Унија за спас на Романија, повика на „итно разјаснување“ од премиерот и истрага, додавајќи дека ако наводите се покажат како вистинити, „неопходна е негова оставка“.

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека има „нулта толеранција“ за какви било отстапувања од академскиот интегритет.

Чиука ја повика етичката комисија на Националниот универзитет за одбрана да ги потврди тврдењата, а Јоханис рече дека ќе ги чека тие наоди.

Експертите, сепак, велат дека универзитетските етички комисии имаат само консултативна улога, а надлежен орган е Националниот совет за атестирање на титули, дипломи и сертификати кој има овластување да го повлече докторското звање.

Длабоките корени на мамењето

„Семето на денешната криза во романското школство беше посеано за време на комунистичката ера, кога владееше учење на памет“, објасни професорот Даниел Давид, раководител на Универзитетот во Клуж, додавајќи:

„Почнувајќи од комунизмот и многу години подоцна, колку поверно читате од учебникот, толку подобро постигнувате. Немаш поим дека всушност правиш плагијат. Така, немаше идеја да се размислува, да се преработи текстот за да му се даде нота на оригиналност“.

Давид притоа објаснува: „Во педагошкото средно училиште каде што учев во 90-тите, препишувањето беше толку широко распространето што кога решив со неколку колеги никогаш да не препишувам, нè сметаа за чудни. Некои професори ја напуштаа училницата за учениците да мамат“.

Поранешниот романски премиер Понта виновен дека за плагијат во неговиот докторат

Многу политичари во Романија беа обвинети за плагијаторство. Во 2012 година, тогашниот премиер Виктор Понта беше обвинет за плагијат на голем дел од неговата теза од 2003 година за Меѓународниот кривичен суд. Во 2014 година тој го врати докторатот.

Михаи Тудосе, кој беше премиер од јуни 2017 до јануари 2018 година, исто така беше обвинет за копирање во делови од неговата докторска диплома. Во 2016 година, Тудосе ја врати дипломата.

Романски студенти ги проверуваат резултатите од тестот.
Романски студенти ги проверуваат резултатите од тестот.

Доделувањето докторати порасна во Романија по падот на комунизмот во 1989 година. Во 1990 година докторираа 331 лице. Во 2012 година, тој број се искачи на 6.259. Докторската диплома не само што значи дополнителен престиж, туку и повисока плата.

„До 2017 година, докторската диплома носеше зголемување на платите за 15 насто за многу професии, што ја прави Романија единствена во тој поглед“, вели Мирклеа Миклеа, поранешен министер за образование,наведувајќи:

„Да добивате пари за докторат, според мене, е погрешно. Работодавецот е тој што треба да одлучи дали докторската диплома што ја имате ви дава дополнителна вредност и дека треба да бидете повеќе платени. Според нашиот начин на размислување, едноставна диплома значи повеќе пари, а не дали си компетентен или не“.

Во 2011 година, Романија почна да презема активности, а тогашниот министер за образование Даниел Фунериу нареди да се инсталираат камери за видео надзор во училиштата како дел од иницијативата против мамење. Како резултат на тоа, повеќе од половина од студентите кои го полагаа матурскиот испит паднаа таа година. Две години пред тоа, стапката на полагање беше 80 проценти.

Примитивен софтвер

Отприлика во исто време, универзитетите почнаа да набавуваат софтвер против плагијат кој може да открие сличности помеѓу поднесената работа и изворите - книги, трудови и написи - што се поставени на интернет. Но, тоа не е лек, вели Михаи Коман, професор на Универзитетот во Букурешт.

„Измамата е редовна во образованието“, вели Маријан Попеску, претседател на Етичката комисија на Универзитетот во Букурешт.
„Измамата е редовна во образованието“, вели Маријан Попеску, претседател на Етичката комисија на Универзитетот во Букурешт.

„Софтверот е ефикасен сè додека имате околу 80 проценти од изворите дигитализирани“, наведува Коман, додавајќи дека романските универзитети честопати се одлучуваат за поевтин, а со тоа и помалку ефикасен софтвер.

„Софтверот што го купуваат многу универзитетски катедри е примитивен. Подобро е да проверете дали има плагијат со користење на Google отколку со таква програма против плагијат“, вели тој.

Белградски Универзитет поништи докторат на министер за финансии

И покрај тие недостатоци, се чини дека мерките против мамење имаа влијание. Откако бројот на докторски дипломи достигна врв на повеќе од 6.000 во 2012 година, тој се намали, на околу 2.000 што сега се издаваат годишно од 2015 година.

„Трендот на намалување првенствено се должи на поригорозните процеси на оценување на кои се подложени тезите“, вели Мирчеа Думитру, потпретседател на Националниот совет за атестирање на Романија.

Плагијатот напредуваше, смета Маријан Попеску, претседател на Етичката комисија на Универзитетот во Букурешт, во голем дел поради празнината на „моралните вредности во јавната сфера“.


„Измамата е секојдневна во образованието. Но, за тоа мора да има и попустлива атмосфера. А во нашиот случај, факт е дека романското општество ги изгони моралните вредности од јавната сфера“, изјави за РСЕ Попеску.

Недостаток на етика

Етиката е забележливо отсутна од наставните програми во гимназиите во Романија, а предметот беше воведен на универзитетите дури во 2018 година по наговор на тогашниот министер за образование Ливиу Поп.

Не беше секогаш така. Во романското предкомунистичко минато, етиката дури се изучуваше во училиштата.

За Михаи Костаче, кој имаше корист кога неговите учители гледаа на другата страна, тие сега не прават доволно за да ја спречат неговата ќерка да го прави истото.

„Она што најмногу ме лути е ова со трудовите. Се колнам дека не ги разбирам овие учители. Отидов во нејзиното училиште и ја покренав оваа точка со нив, односно зошто им дозволуваат на учениците едноставно да копираат работи од Интернет. Што се случува овде?“, вели Костаче со огорченост во гласот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG