Достапни линкови

Османи ќе се изолира, а во вторник ќе се тестира за Ковид-19


Бујар Османи

Откако кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски објави дека е позитивен на коронавирус, а по вчерашната посета на Куманово и средбата со Димитриевски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го откажа учевството на состанокот на Советот за безбедност, и истакна дека ќе се повлече во изолација до вторник, кога ќе направи тестирање на Ковид-19.

„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно. Бидете здрави!“, напиша Османи на својот профил на „Фејсбук“.

XS
SM
MD
LG