Достапни линкови

Османи: Имаме право да се вклучиме во ЕУ фондот за природни катастрофи


Северна Македонија, како земја преговарач, има право да се вклучи во европскиот солидарен фонд, кој се активира за покривање на потребите на земјите членки од кој досега се искористени околу пет милијарди евра за разни природни катастрофи и несреќи, изјави претпладнево вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во однос на координацијата со ЕУ во врска со справување со предизивиците и последиците од пандемијата на коронавирусот.

Секретаријатот за европски прашања вчера со писмо до еврокомесарот Оливер Вархеји, побарал најавената награда од 50 милиони евра за успешни реформи во Македонија, првично наменета за инфраструктура и животна средина, дел или целосно, да се пренамени за менаџирање на пандемијата од Ковид 19, како и пристап до тие средства да има и Банката за поддршка на развојот за да се обезбедат брзи и краткорочни заеми.

„Побаравме од ЕУ да бидеме исклучени од рестрикциите кои ги најави ЕК за заштита на стабилноста на единствениот европски пазар, а кои се однесуваат најмногу на медицинска опрема и средства за работа, изјави Османи и додаде дека норвешката Влада вчера одобрила 3,2 милиони евра за итна реализација преку програмата УНОПС за Македонија, Србија и Црна Гора за медицински материјали и препарати.

XS
SM
MD
LG