Достапни линкови

Од денеска тестирање за коронавирус и во Поликлиника Чаир во Скопје


Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Од денеска тестирање за коронавиросот во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата. Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари.

Министерот за здравство Ванко Филипче вчера на прес-конференција соопшти дека Комисијата од Министерството, го завршила увидот во сите, освен една приватна институција, односно, во двете приватни болници „Жан Митрев“ и „Систина“, во лабораторијата „Авицена“, а во текот на утрешниот ден и во лабораторијата „Биотек“. Според него, за искористување и на тие капацитети, во Фондот веќе работат на пронаоѓање модел на соработка.

„Согласно мислењата на епидемиолозите, ќе се зголеми бројот на потребните тестирања. Системот за мобилни тестирања е подготвен и тој ќе почне да се применува следните денови со Скопје“, рече Филипче.

XS
SM
MD
LG