Достапни линкови

За две недели ќе се знае кога ќе има избори во Полска


Архивска фотографија - Избори во полска, 2019 година.

Шефот на полската Изборна комисија изјави дека претседателот на полскиот Парламент-Сејмот има 14 дена за да го соопшти новиот датум за претседателските избори во земјата.

Претседателските избори во Полска првично требаше да се одржат вчера, но заради епидемијата на коронавирус, владата и опозицијата на 7 мај се договорија тие да се одложат. Полскиот вицепремиерот Јацек Сасин тогаш изјави дека изборите најрано можат да се оддржат во јуни.

XS
SM
MD
LG