Достапни линкови

На прстите од колку раце се бројат дивоградбите во Охрид?


Охридско Езеро.
Охридско Езеро.

По интервјуто на министерот Адеми за дивоградбите во Охрид, кои, како што вели се бројат ма прстите на двете раце, читателите прашуваат - „На колку раце?“, дали и „На рацете и на нозете“ и заклучуваат дека „Колку и да се, битно е дека ги има, а нема кој да ги спречи“.

Неделното интервју на РСЕ овојпат беше со министерот без ресор, Едмонд Адеми, кој ја предводеше македонската делегација на неодамнешниот состанок на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, каде што на земјава ѝ е даден рок до февруари идната година да ги спроведе препораките на таа меѓународна организација за заштита на Охрид и Охридското Езеро како заштитено културно наследство, пред сè да ги реши дивоградбите околу Езерото на охридскиот и струшкиот брег.

Многубројните коментари и постови на нашата ФБ страница покажуваат колку граѓаните се чувствителни на овој проблем. Министерот без ресор, Адеми ,покрај другото, вели дека „на прстите од двете раце можат да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид“, но фејсбукчиите како да се подбиваат со тврдењата на министерот. „На колку раце?“, прашува потпишан со Александар Тортевски, а Тони Надица Стојанови додаваат: „На рацете и на нозете“. Африм Семоски смета: „Колку и да се, битно е дека ги има, а нема кој да ги спречи“. Алтрим Тими прашува: „Зошто овој не го фати метлата? Три години е министер, ништо не направил, три изјави дал за цел мандат...“

Другата тема што доминира во коментарите на ФБ страницата на РСЕ е изјавата на Христијан Мицкоски дека „нема амбиент за политички дијалог“, веројатно како одговор на премиерот Зоран Заев дека очекува да одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. „Цвикаш, Мицкоски, цвикаш, затоа не одиш на лидерска средба, само дофрлаш од страна“. Бор Че Панов предвидува: „ВМРО-МВР ќе дојде на власт кога најпрвин нема да биде внатрешна револуционерна партија, бидејќи од револуција покажа само криминал на чело со бегалец... и кога ќе се испозатворат сите криминалци - револуционери“, пишува Бор Че Панов и додава: „СДСМ, од друга страна, треба дебело да размисли што сè ископирале од груевизмот“. Фиданчо Петров извикува: „А, не, друже, првин одговорност за криминалот на побегуљата и неговата багра... Да си одлежите по закон колку ви следува, е после избори какви сакате, вонредни, предвремени, вакви-онакви, може и 2 во едно!“ Садри Демироски крако и јасно: „Опозиција која не соработува не заслужува ни објави“, а Бехије Менде постирала: „Хахаха, да немат вакви политичари не ти ’ојт времето!“

Обвинувањето од ВМРО-ДПМНЕ дека лани од новата власт имало 20 илјади партиски вработувања, посетителите на нашата ФБ страница го коментираат различно. Ангел Кими, на пример, забележува: „Кои партиски вработувања, цело ВМРО е со непотизам, цели фамилии, од мајка, ќерка, маж на ќерка, сè е вработено во една фирма и ДРПМНЕ најде да зборува за партиски вработувања! Лицемери! Лажговци!“ Жаклина Спасовска потсетува дека „најголем проблем од ВМРО се вработувањата на луѓе што си седеа дома и примаа плата, експресни дипломи заради вработување, а да не зборуваме за насилно присвојување фирми...“ ИгорВики Магероски потсетува: „Да не се заборави, ВМРО и падна од власт заради тоа... и сега нека не ви биде оправдување... ама и ВМРО правеше... овие треба итно да си одат, излегоа бетер од ВМРО...“ Драган Бошков со смеење: „ДПМНЕ збори за партиски вработувања? Хахахахаха...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG