Достапни линкови

Најголемата финансиска измама во Германија на суд


Најголемиот финансиски скандал во Германија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Најголемиот финансиски скандал во Германија

Германските обвинители обвинија двајца британски банкари за вмешаност во финансиска измама што ја чинела државата над 440 милиони евра. Станува збор за еден од најголемите даночни скандали во историјата на Германија.

Овој потег на државните обвинители следува по долгогодишното испитување на шемата изготвена од банкарите, за правење нелегитимни пресметки и за двојно оданочување при тргувањето со акции.

Германскиот регионален суд во Бон соопшти дека двајцата биле обвинети за вмешаност во измамнички случаи меѓу 2006 и 2011 година.

Тобијас Гулич, портпарол на регионалниот суд во Бон вели дека станува збор за еден од најголемите даночни скандали во германската историја.

„Осомничените се обвинети затоа што биле вклучени во разни трансакции. Вкупно во 34 случаи. И тие биле вмешани во озможувањето да се собираат пари од државата, враќање на данокот од капитална добивка неколку пати иако веќе еднаш бил исплатен “.

Норберт Валтер Борјанс, екс министер за финансии на Северна Рајна Вестфалија вели:

„Добро е што се придвижува. Ние направивме многу во текот на последните неколку години да се покажат ваквите активности. И да се осигураме дека ова бесрамно празнење на јавните ковечези нема да мине неказнето“.

Според Борјанс, ова судење треба да биде почеток и отисите мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

„И овие двајца секако се само врв на ледениот брег. Важно е ние да се осигураме дека нема статут на ограничување и оти самите банки ќе бидат одговорни. Затоа што досега имаше само лица кои беа обвинети, бидејќи во Германија немаме корпоративно кривично право“.

Тој додава дека станува збор за активности на, како што вели, многу интелигентни професионалци со високо ниво на „криминална енергија“.

Но, според него, лажно ќе биде уверувањето дека со осудувањето на осомничените би бил решен проблемот со ваквите криминални појави.

„Верувањето дека откривме нешто и оти сега можеме да се потпреме врз тоа дека го решивме проблемот, би било фатално. Тие веќе работат на некое друго место.Со истиот модел каде што е можно. Или со различен ако не е можно“.

Претходно годинава, околу 170 полицајци извршиле рација во 19 простории во четири германски држави, најавувајќи дека властите спроведуваат 10 одделни истраги во врска со овој скандал

Судењето во Регионалниот суд во Бон е предвидено да трае 32 дена, а пресудата се очекува на 9 јануари идната година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG