Достапни линкови

НАТО: во Студената војна закана беше само Русија, сега е и Кина


НАТО

Министрите за надворешни работи на НАТО на дводневниот онлајн состанок го трасираа патот кон реформите на Алијансата со оглед на тоа што се соочува со двоен предизвик - и од Русија и од Кина.

На состанокот, одржан преку видео-врска како претпазливост против ширењето на коронавирусот, се дискутирало за тоа како Алијансата мора да се прилагоди на новите закани, особено, како што се наведува, „упорно агресивната Русија“ и „подемот на Кина“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Западниот воен сојуз „ќе мора да донесе некои тешки одлуки“ во врска со мисијата кога министрите за одбрана на НАТО ќе се состанат во февруари.

Грција домаќин на ракетна вежба на НАТО за одбрана на Источна Европа

Во извештајот на експертска група на 67 страници во кој се дадени сугестии за тоа како да се рестартира Алијансата, е забележано дека НАТО за време на Студената војна се соочувал со една голема закана - Русија, но оти сега покрај неа има уште еден „системски ривал“ – Кина, плус тука е и, како што стои во извештајот „трајната закана од тероризам“.

Говорејќи пред новинарите, Столтенберг рече дека министрите разговарале за „континуираното воено натрупување на Русија во соседството на Алијансата, како и за контролата на оружјето“.

Тој додаде дека НАТО го прилагодува својот став за одвраќање „при решавање на дестабилизирачките активности на Русија“, но оти министрите се согласуваат дека мора да се продолжи дијалогот со Русија.

Министрите ,исто така, изразиле поддршка за зачувување на ограничувањата на нуклеарното оружје и за развој на посеопфатен режим за контрола на оружјето и ги поздравиле разговорите меѓу Русија и Соединетите држави пред истекот на нивниот билатерален договор за нов СТАРТ во февруари.

„Не треба да се најдеме во ситуација кога нема договор што го регулира бројот на нуклеарни боеви глави“, рече Столтенберг.

Дали е можно Бајден да ги врати луѓето на Обама во надворешната политика?

Министрите за надворешни работи, исто така, разговараа за развојот на настаните во Белорусија по скоро четиримесечни про-демократски протести, како и за ситуацијата во отцепениот регион Нагорно Карабах по мировниот договор со посредство на Русија, со кој завршија 44-дневните жестоки борби меѓу Азербејџан и етничките ерменски сили.

За Авганистан, Столтенберг изјави дека НАТО го поддржува мировниот процес и останува посветен на мисијата за помош на Авганистан во борбата против тероризмот. Но, тој додаде:

„Додека продолжуваме да ја проценуваме ситуацијата во Авганистан, јасно е дека ќе се соочиме со пресвртница на почетокот на следната година“.

Според Столтенберг, тамошниот безбедносен сојуз ризикува подолгорочен ангажман доколку мисијата на НАТО остане во Авганистан, а ако замине постои ризик повторно таа земја да стане безбедно засолниште за меѓународните терористи.

„Значи, има цена и да се остане подолго, но има цена и да се напушти прерано“, рече тој.

НАТО сега има околу 11.000 војници од десетици земји стационирани во Авганистан. Нивниот мандат е да помогнат во обука и советување на безбедносните сили на Авганистан.

Но, присуството на американските сили врз кои НАТО се потпира за воздушна поддршка, транспорт и логистика, до 15 јануари е предвидено да се намали за 2.000 војници, односно на 2.500.

Австралија отпушти десет војници кои убивале авганистански цивили

Според мировниот договор постигнат меѓу Соединетите држави и талибанците, сите странски трупи треба да го напуштат Авганистан до 1 мај 2021 година, доколку дозволат безбедносните услови во земјата.

Извештајот за реформите на НАТО ,исто така, му сугерира на западниот воен сојуз да најде начин да ги запре одделните земји да стават вето на политичките одлуки, како што направи Унгарија со плановите за подлабоко партнерство со Украина, која не е членка на НАТО.

Другите препораки вклучуваат создавање консултативно тело за координирање на пошироката западна политика кон Кина, одржување самити со лидерите на Европската унија и давање поголема моќ на генералниот секретар врз персоналот и буџетите.

„На НАТО му треба силна политичка димензија за да одговара на неговата воена адаптација“, се вели во извештајот, чии предлози не се обврзувачки.

Документот треба да им се претстави на лидерите на НАТО на самитот планиран за следната година.

Тие може да бидат вклучени во ажурирањето на документот за стратешки концепт на НАТО, кој датира од 2010 година и се обидуваше да ја гледа Русија како партнер.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG