Достапни линкови

Може ли Трамп да биде сменет пред да му заврши мандатот?


Се зголемуваат барањата за брзо отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп

Упадот во американскиот Капитол од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп ги натера лидерите на демократите во Конгресот да побараат негово отстранување од функцијата пред избраниот претседател Џо Бајден да положи заклетва на 20 јануари. Дали сега е можно отповикување на Трамп?

Хаотичните сцени се случија откако републиканецот Трамп, кој до пред два дена одбиваше мирен трансфер на власта, им се обрати на илјадници демонстранти и ги повтори неоснованите тврдења дека изборите му биле украдени.

Постојат два начина да се отстрани претседателот од функцијата: 25-тиот амандман на Уставот на САД и импичмент проследен со пресуда од Сенатот.

Бајден - Ова е мрачен момент за демократијата во САД

И во едното и во другото сценарио, потпретседателот Мајк Пенс би ја презел должноста сè до инаугурацијата на Бајден.

Веќе имало дискусии меѓу некои членови на Кабинетот и сојузници на Трамп за повикување на 25-тиот амандман.

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, демократ од Калифорнија и лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, демократ од Њујорк, повикаа на итно отстранување или импичмент на Трамп.

„Доколку потпретседателот и кабинетот не дејствуваат, Конгресот може да биде подготвен да продолжи со импичмент“, рече Пелоси.

Шумер пак изјави: „Овој претседател не треба да остане на функцијата уште еден ден“.

Другите демократски пратеници го повикаа кабинетот да се повика на 25-тиот амандман за отповикување на Трамп од функцијата, но за ова ќе треба потпретседателот и мнозинството од кабинетот да го прогласат претседателот за несоодветен.

Која е целта на 25-тиот амандман?

25-тиот амандман, ратификуван во 1967 година и усвоен по убиството на претседателот Џон Кенеди во 1963 година, се однесува на претседателското наследство во случај на попреченост.

Кој ќе ја добие контролата врз американскиот Сенат?

Дел 4 се однесува на ситуации кога претседателот не е во можност да ја заврши работата, но не се повлекува доброволно.

Подготвувачите на 25-тиот амандман јасно предвидоа тој да се применува кога претседателот е неспособен поради физичко или ментално заболување, велат експертите.

Некои експерти исто така тврдат дека тоа може пошироко да се однесува на претседател кој е опасно неспособен за функција.

потпретседателот на САД Мајк Пенс
потпретседателот на САД Мајк Пенс

За да се повика 25-тиот амандман, Пенс и мнозинството од кабинетот на Трамп треба да изјават дека Трамп не е во можност да ги извршува должностите на претседателството и да го сменат.

Трамп последователно може да изјави дека е способен да ја продолжи работата.

Доколку Пенс и мнозинството од кабинетот не ја оспорат способноста на Трамп, тој останува на функција.

Доколку ја оспорат декларацијата на Трамп, за ова прашање ќе одлучува Конгресот, но Пенс ќе продолжи да дејствува како претседател дотогаш.


Ќе биде потребно двотретинско мнозинство од двата дома на Конгресот за Трамп да биде сменет.

Но, Домот под контрола на демократите може едноставно да го одложи гласањето за суштинскиот спор се додека не заврши мандатот на Трамп, вели Пол Кампос, професор по уставно право на Универзитетот во Колорадо.

Тој додава дека 25-тиот амандман ќе биде соодветен начин за смена на Трамп од функцијата и е побрз од импичментот.

„Пенс може веднаш да стане претседател, додека импичментот и осудата може да траат барем неколку дена“, рече Кампос.

Може ли Трамп да биде отстранет?

Заблуда во врска со „импичментот“ е дека тоа се однесува на смена на претседател од функцијата.

Всушност, импичмент се однесува само на Претставничкиот дом, кој покренува обвиненија дека претседателот се занимавал со „високо кривично дело или прекршок“ - слично на обвинение за кривично дело.

По упадот во Конгресот на САД, германскиот парламент ја зајакнува безбедноста

Ако простото мнозинство од 435-те члена на Претставничкиот дом одобри покренување обвиненија, познати како „написи за импичмент“, процесот ќе се пресели во Сенатот, горниот дом, кој одржува судење за да се утврди вината на претседателот.

Уставот бара двотретинско гласање на Сенатот за осудување и смена на претседателот.

Трамп беше отповикан од Претставничкиот дом, предводен од демократите, во декември 2019 година, под обвинение за злоупотреба на власта и попречување на Конгресот, што произлезе од неговите напори да изврши притисок врз Украина да ги испита Бајден и неговиот син за коруптивни активности.

Трамп беше ослободен од Сенатот предводен од републиканците во февруари 2020 година.

За кое „дело и прекршок“ може да се обвини Трамп?

Френк Боуман, професор по уставно право на Универзитетот во Мисури вели дека Трамп „може да одговара за бунт“ или обид за соборување на владата на САД.

Но, Боуман смета дека Трамп исто така може да биде обвинет за општо дело: нелојалност кон Уставот на САД и непочитување на неговата заклетва.

Конгресот има дискреција во дефинирањето на кривичното дело.

„Суштински е делото да биде против Уставот – обид да се поткопаат законските резултати на законски спроведените избори“, вели Боуман.

Четири жртви при упадот во зградата на Конгресот на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:11 0:00

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG