Достапни линкови

Мицкоски за Малиот Шенген: За нас нема алтернатива на ЕУ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи го денешниот состанок за т.н. Мал шенген во Охрид, рече дека за неговата партија нема алтернатива освен полноправно членство во рамките на Европската Унија.

„И во минатото кажавме, и сега ќе го повториме истиот став дека секоја можност која Македонија може да ја искористи, а да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, треба да се искористи, но тоа се решава со билатерални договори“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека нема информација какви се одлуките и што се разговарало, но призна дека за време на нивната последна лидерска средба во кабинетот кај претседателот Стево Пендаровски побарал објаснување, но добил многу оскуден одговор.

XS
SM
MD
LG