Достапни линкови

Македонија 2025 ги поддржува владините мерки, но бара побрза акција


Организацијата „Македонија 2025“ соопшти дека ги поддржува првиот сет мерки на Владата за поддршка на економијата во ситуацијата со коронавирусот, но смета дека помошта не е доволна и дека треба да следат и други пакети мерки, кои, како што наведуваат оттаму, се во најава.

„Ја повикуваме Владата да реагира побрзо (со донесување нови мерки) и похрабро. Ова е вонредна состојба која бара вонредни мерки. Владата мора да покаже силно економско лидерство, а брзата реакција и поголема поддршка може да ја стави земјата на повисоко место на мапата на идните инвеститори и да ги пренасочи синџирите на набавка во корист на Македонија“, соопшти „Македонија 2025“.

Оттаму наведуваат дека по одредени првични проценки Владата во Македонија најавува дека ќе треба да потроши околу 100 милиони евра за да ја санира штетата настаната од вирусот. Тоа, како што појаснуваат, е околу 0,9 отсто од бруто домашниот производ (износ на БДП од 2019 г.) и е многу помал износ од средствата што ги вложуваат останатите земји од Европа за полесно да ја пребродат оваа криза.

XS
SM
MD
LG