Достапни линкови

Кривична пријава за директорката на Дерматологија, Цаца Билјановска


Техничкиот министер Наќе Чулев

МВР поднело кривична пријава против директорката на клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска, која не ги почитувала препораките за изолација и одела на работа, па дури била и на симпозиум, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Тој изјави дека таа влегла во земјава на 29 февруари од Италија, а коронавирусот и бил потврден на 8. март. Во меѓувреме не ги почитувала препораките за изолација, и одела на работа, па дури била и на симпозиум. Чулев изјави дека покрај неа, кривични заработиле уште неколку лица кои не ги почитувале препораките.

XS
SM
MD
LG