Достапни линкови

Сегменти од скршената стварност


Марија Јанчевска, средношколка

Нашето секојдневие во својот најпрост облик, стана луксуз. Милиони жртви ја плаќаат цената на нашето спознавање на луксузот на слобода кој го живеевме пред само неколку недели, пишува Марија Јанчевска, средношколка во ПСУ „Јахја Кемал“, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Можеби после ураганот, во пустошот кој тој ќе го остави, ќе можеме да ги склопиме искршените парчиња и конечно да почнеме да го цениме она со кое располагаме. Немам одговор на своите прашања, но знам дека оваа пандемија го создаде најсилниот земјотрес до сега во сите нас. Се се промени толку брзо, и оние неколку повремено расфрлени редови разговор, од Кина до тука, стинаа со многу побрз лет од оној на моите очекувања.

Се сеќавам... средношколските мисли веќе ги запишуваа вечерните планови за наредните четиринаесет дена „слобода”, која потоа стана катанец на глобалните решетки. Веќе сум доволно свесна, дека страниците на овогодинешниот планум ќе останат празни, а сепак никогаш по исполнети... исполнети со страв, со некоја чудна форма на болка и сочувство кон секоја нова бројка на истребувањето. Сега, кога вечерните новости веќе ме интресираат многу повеќе од било која серија.

Доаѓа пролет, доаѓа Велигден... и која е важноста на било кое едноставно величество кое можам да го почувствува само од далеку? Која е сега вредноста на “скапоцените” партали кои веројатно ќе останат неизносени, бидејќи во тие два часа “нормала”, нема место за било какви материјалности. Но, сепак, знам дека дефиницијата на слобода, не е лекција која може да се научи наизуст за потоа да се заборави. Сега, кога перото кое го пишува продолжението на нашите приказни може да земе мастило само од срцата на медицинските лица кои се новите херои на младите генерации, издишувам нови молитви и создавам ореол над светоста на иконите на сите 365 празници.

Супериорниот род е на палубата пред бродот на најголемата војна на новиот век, и е спремен да го спушти кормилото пред призмата на реалноста. Вратоврска од заштитна маска, го затега мојот врат пресилно за да го почувствувам здивот на сонцето. Ниту пак можам да ги измијам рацете со неговата топлина, само алкохолното средство е избор. Прозорците, во живо ја пренесуваат и денешната утринска програма на мракот. Толку брзо, толку тивко се провлече низ завесата и почна да ја изведува колуминацијата на ужасниот перформанс. Ние навистина сме биле само посетители, подложни на колективно истребување на невидлива закана. Просто наједноставниот облик на секојдневната хармонија веќе стана можеби и неповратна историја, а овие безумници се уште бараат изговори и се уште взаемно се обвинуваат. Вината е во вас драги, и во мене... ние кои пробавме да ги научиме нашите способности наизуст, ние кои го искушивме злосторството.

Епохата на оваа генерација стои пред каменот на Десанка Максимович и пишува: „Во иста година, пред иста закана, исти цветови расцветаа во во иста, црна пролет.”, и потоа се чу оддек на куршум и некој викна, незнам, писателот овде запрел. А зениците подолжуваат да се изгубат во ништото со многу големо значење - знаците за забрането поминување во парк, празните улици, кога ќе помислам на лизгалишта полни со трупови на невини луѓе, преполни болници... Зар вака мириса прочистениот воздух сега? Ова не е тишината која ја барав, кога ми требаше малку мир за да го повторам наученото, дури толку очајно ми недостасува нашата нормала.

Самата помисла дека живееме историски настан, кој по нас, може да пишува мемоар за една од најголемите закани за човештвото, е самата по себе добра причина да се чувствувам како војник кој го изгубил штитот. И веќе знам, печатот на следната бројка, може да го стави мојот сопствен леш! Го затворам ковертот на среќата, се плашам да не заболи, тој мора да остане да сведочи за оваа глобална болка!

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG