Достапни линкови

Конзервативизмот е „ин“ кај младите


Илустрација за терминот „власт“ во учебникот по Граѓанско образование за 8 одделение во 2014 година
Илустрација за терминот „власт“ во учебникот по Граѓанско образование за 8 одделение во 2014 година

Четири од пет млади сметаат дека на земјава ѝ треба лидер со „цврста рака“, а 60 отсто сметаат дека за припадниците на ЛГБТ заедницата не треба да има место во политиката. Најголемиот дел од младите би се иселиле.

Младите се конзервативни, хомофобични и со силна авторитарна свест, сметаат дека државата не оди во вистински правец, би се отселиле од земјава ако им се укаже прилика и очекуваат Македонија да стане членка на ЕУ до 2025 година.

Огромни 84 проценти од младите меѓу 15 и 35 години сметаат дека на Македонија ѝ е потребен лидер со „цврста рака“, тројца од петмина сметаат дека за припадниците на ЛГБТ заедницата не треба да има место во политиката, две третини од нив сметаат дека сите политички партии се исти, а речиси исто толку од младите би се иселиле ако им се укаже прилика.

Обемното истражување на Вестминстер фондацијата за демократија предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Едни велат во наше време младите беа панкери, а не конзервативци, други, пак, посочуваат дека конзервативизмот порано бил уште повеќе изразен, трети го бараат одговорот во образованието, четврти во целокупната состојба во општеството, петти во владеењето на претходната власт.

Дел сметаат дека за ваквите ставови на младите е одговорна претходната влада предводена од Никола Груевски.

Поддржувачите на опозицијата, пак, велат дека не е паметно влегувањето во конфликт со младите.

Дел ги осудуваат ставовите на младите.

Некои, пак, потсетуваат дека чашата не е само половина празна, туку оти е и половина полна.

Дел па се потсмеваат со очекувањата за членство во ЕУ.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG