Димитар Ковачевски нов лидер на СДСМ, избран на непосредни внатрепартиски избори, Христијан Мицкоски со втор мандат во ВМРО-ДПМНЕ, избран од делегатите на партискиот Конгрес. Потпишан со Дули Дулјо постирал: „Еее, ти ќе ја опраеш работава“, но не наведува на кого мисли. На нашата веб страница е информацијата за обраќањето на Мицкоски по изборот. „Промените доаѓаат во Македонија. Народот верува дека може подобро, и мора да биде подобро“, рече старо-новиот претседател на опозициската партија. Владимир Чецков постирал со сликичка на грбот на Партијата: „Напред во нови победи!“, а Роберт Цингар вели: „Ама не со вас, ни со СДС, ни со ДУИ“.
Снегот што падна во големи количини, особено во западниот дел на земјава, предизвика проблеми со напојувањето со струја.
„Без струја се над 20 села во кичевско и струшко, виновен бил снегот“, читаме во информацијата на РСЕ, а Шабан Ќ. Ибраими коментирал: „Еден месец сите граѓани да не си плаќаат струја не ќе има више ЕВН, после нив ќе дојде друга компанија“. Недим Мемисоски смета дека „Вивовен е снегот од 20 см. А ако заврне 1 м. снег, тогаш до напролет нема да имаме струја...“ Слободанка Камчева напишала: „Снегот, дождот, ветерот, сигнализацијата, реките, мојата чудесна Македонија“. А Авди Мавмудоски со предлог и совет: „Ај сега една колективна тужба закачете му, не туку раскажвите приказни по ФБ“.
Пред илјадници верници на плоштадот Св. Петар во Рим, папата Франциск порача дека „оружјето не е патот што треба да се следи“ и дека се моли за „драгата Украина“, како што рекол, и за нејзиниот народ поради тензиите со Русија. Под линкот на постот Сали Зекир напишал: „Моли се за сатанистите под црквата во Ватикан зашто командата е од нив“. Бранко Николовски се надоврзува и му одговара на Зекир: „Командата е секогаш од нив без нив не смее да се води војна, а тие мислат тоа е северџанија без војна ќе се прави нова држава“. Димитар Делевски препорачува: „Треба да ја посети Украина“.