Достапни линкови

Ковид-19 и 5G – теорија на заговор која загрижува


илустрација

Повеќе од 20 столбови за мобилна телефонија во Британија неодамна беа вандализирани или запалени. Причините се бизарни и без никакви докази. Поинаку кажано, станува збор за теории на заговор.

Сето тоа може да се следи наназад до една чудна, неоснована теорија која се појави во февруари: дека 5G безжичната мрежа ја предизвикала пандемијата Ковид-19, пишува во написот на Инверз. Ако не е тоа, тогаш оваа мрежа мистериозно го забрзувала преносот на вирусот.

Палење столбови и закани против инженерите само затоа што работат на антените нема само во Британија. На Јутјуб има видеа за тоа дека карантините за „Ковид-19“ биле воведени, за да може тајно да се инсталира 5G технологијата.

илустрација
илустрација

Иако тие се забавни заради нивните предвидливи карактеристики - авторитативен, самоуверен машки раскажувач кој делува со чувство за правда - теориите во овие видеа се лесни за раскажување посебно за оние кои веќе имаат склоност да веруваат.

Лекарите против вирусот, НАТО против „виросаните“ вести

Теоријата за 5G не е единствената теорија на заговор поврзана со новиот коронавирус.

Некои луѓе лажно ја поврзуваат пандемијата со Фондацијата на Бил Гејтс, додека други го поврзуваат вирусот со биолошките оружја создадени од Кина или САД.

Зошто луѓето сакаат да веруваат?

Џеј Ван Бавел, социјален психолог од универзитетот во Њујорк, вели дека се се сведува на тоа како луѓето се справуваат со неизвесноста.

Кога времето е тешко, „луѓето се мотивирани да најдат објаснувања што им даваат некаква, макар и лажна смисла на работите“. Значи, тие бараат модели што не постојат.

“Ни треба нешто што е под контрола”, вели Ани Стерниско, истражувач по социјална психологија на Универзитетот во Њујорк. “Можеби е поутешно да се има сеопфатна тајност која ја диктира сериозноста на вирусот отколку да признаеме дека светот и човештвото се зафатени од тоа”, вели таа.

илустрација
илустрација

Од друга страна, ако луѓето веруваат дека „Ковид-19“ е создаден од страна на таканаречена „Deep State“ или од телекомуникациските компании опседнати со профит, тоа е проблем за сите.

На пример, тие луѓе го сфатќаат физичкото дистанцирање за помалку сериозно, вели Тед Герцел, пензиониран социолог од универзитетот Рутгерс.

Како почна теоријата за 5G и ковид-19?

Проблемот беше поттикнат од погрешно вирално видео на Јутјуб на 12 март 2020 година, поставено од групата против вакцинирање “Родители за здравствени права”, во кое лекар на дисциплинска условна казна по име Томас Коуан ги поврзува мрежите на 5G со вирусот, тврдејќи дека урбаните области се најтешко погодени од Ковид-19.

Ова видео беше избришано, но не пред американскиот пејач Кери Хилсон да го сподели со 2,3 милиони следбеници.

Ван Бавел вели дека овие теории се чини дека се ситуација кога „луѓето се збунети од корелацијата со причината“.

Нема научна основа која ја поврзува 5G безжичната мрежа со ковид-19.

5G е најновата генерација на безжични мрежи која е побрза и поефикасна од претходните.

Како и 3G или 4G и 5G се пренесува преку радио бранови, нештетен дел од електромагнетниот спектар.

Едноставно 5G е збунувачки и таа конфузија создава неизвесност. А со неизвесноста доаѓат и теориите на заговор.

Ако врската меѓу 5G и коронавирусот нема никаков доказ, зошто луѓето сè уште веруваат во тоа?

Влада - Кинескиот удел во македонската 5Г мрежа е проблематичен

Стерниско вели дека проблемот во голема мера лежи во фактот дека теориите на заговор брзо се шират и тешко се отстрануваат.

„Откако некој ќе засади семе на теорија на заговор, навистина е тешко да се избрише оваа идеја”, вели Стерниско.

Теориите на заговор им се допаѓаат на луѓето од најразлични причини.

Ван Бавел смета дека „луѓето често сакаат некој или некоја група да биде обвинета“, додека Герцел забележува дека кога исплашените луѓе се желни за објаснување, тие се лути и бараат цел за својот гнев.

Исто така, постои и социјален аспект на теориите на заговор.

Стерниско забележува дека чувството за обединување над заедничка кауза може да ги привлече луѓето во движења на заговор.

Идејата дека навистина ја знаете вистината, исто така им помага на луѓето да се чувствуваат „посебни и уникатни“.

Луѓето исто така создаваат теории на заговор со различни цели, вели Герцел. Некои луѓе сакаат внимание. Други сакаат да ја унапредат својата политичка кариера или да влијаат врз јавното мислење. Многумина сакаат да заработат, профитирајќи на неизвесноста.

„Мислам дека секоја група што има причина да се промовира, ќе скокне на ова“, вели Герцел, кој ги предупредува луѓето да внимаваат на сегашните пандемиски профитери.

Како оваа теорија влијае врз јавното здравје?

Во светска здравствена криза, теориите на заговор добиваат опасна предност, бидејќи луѓето пребаруваат на интернет и на социјалните медиуми по информации за да го заштитат своето здравје.

Во Хрватска протести против 5Г мрежа

Ако луѓето мислат дека коронавирусот не е вистинска или сериозна закана, поврзувајќи ги симптомите на Ковид-19 со телефонските мрежи, сите политики за борба против ширењето се „беспредметни“, вели Стерниско, додавајќи дека теориите на заговор, исто така, може да доведат до натамошно насилство, непријателство и дискриминација.

Веќе имало злосторства од омраза и ксенофобија поврзани со Ковид-19 и теориите на заговор.

Затоа експертите препорачуваат: Иако можеби нешто звучи привлечно, тоа не значи дека е и точно.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG