Достапни линкови

Кина не пријавувала точни бројки за жртви од коронавирусот?


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека статистиката што ја објавува Кина за состојбата со коронавирусот во таа држава е прикажана „полесна отколку што е навистина“, додека неговиот советник за национална безбедност рече дека Вашингтон нема начин да знае дали бројките на Пекинг се точни, пренесе Ројтерс.

Коментарите доаѓаат откако пратеник на републиканците фрли сомнеж на податоците од Пекинг, а „Блумберг“ објави доверливи разузнавачки материјали дека Кина, наводно, не давала точни извештаи за бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Трамп на дневниот брифинг на својата работна група за коронавирусот изјави дека не добил извештај за разузнавачки податоци за Кина, но додаде: „Бројките се чини дека се малку 'полесни'“.

XS
SM
MD
LG