Достапни линкови

„Каков блеф од двајцата“ - вие коментирате


Христијан Мицкоски и Зоран Заев

Кој ќе ја формира новата влада е главната тема која провејува низ сите политички прашања деновиве по најавата за оставка на Заев и барањето доверба на владата од опозицијата како резултат на локалните избори и поразот на СДСМ

Вашето внимание, почитувани, па оттаму и вашите коментари на нашата ФБ страница се насочени кон случувањата на политичката сцена, кај нас, се разбира, откако Зоран Заев кажа дека поднесува оставка на премиерската и на функцијата претседател на владејачката СДСМ.

Али Ахмети претседател на коалициониот партнер во Владата, ДУИ, добил овластување од Централниот одбор на Партијата сам да носи одлуки во врска со најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за ново парламентарно мнозинство со другите три партии на македонските Албанци и за потезите на ДУИ во случај во Собранието да се изгласа недоверба на актуелната Влада. Бобан Неделковски потсетува: „Со кого ќе разговарате кога сите се здружија за да не бидат со вас. Останува само да се разговара за датум за предвремени избори, друго од оваа збрка не преостанува“. Жарко Трпевски вели: „...Никој не е против Албанците, против ДУИ е“. Ахмети пред средбата на партиското раководство на Партијата во Тетово изјави дека пратеници на неговата партија нема да го зголемат мнозинството на Мицкоски и дека приоритет им се државните интереси на земјава. Енис Шакири постирал сликичка со раце што ракоплескаат, но другите постови се прилично непријателски расположени со непримерен јазик. Го цитираме само коментарот на Црвенковски Љупчо по оваа информација на веб страницата на РСЕ: „Никој не ви бара, не му треба“.

За изјавата на Мицкоски пак дека во понеделник, денеска, до 14:30 часот ја поднесуваат иницијативата за гласање недоверба на Владата, бидејќи „Зоран Заев, како што вети, не си поднесе оставка до Собранието од премиерската функција“. Редовната Ана Јакимова го коментира Мицкоски: „Аман. Врска немаш освен манипулирање. Јас не гледам никаква визија. Ајде кажи која ти е програмата? Ќе се откажеш од НАТО? Ќе го вратиш името? Ќе се откажеш од членство во ЕУ? Што точно ќе направиш поинаку? И како?“ – прашува Јакимова. Сали Демировски во коментар во неделата извикува: „Напред Мицко ама ако не успееш спремај торбите на клоци ќе те ишутираат, преголеми циркузантски работи овие месец дена од тебе и утре или ќе бидеш или ќе леташ“.

По изјавата на Мицкоски дека тој ќе формира нова влада, а ја чека оставката на Заев, Блажо Хогар Страшниот напишал: „Каков блеф од двајцата“, а Марјан Јаневски смета дека „Заев си ги весла“. Најмногу ваши коментари има по изјавата на Мицкоски дека собрале 61 потпис од новото мнозинство на неговата партија со трите други албански партии. Хадис Нуи вели: „Оваа коалиција ми личи на швајцарско сирење, се гледа дека е само за власт нема ниту принципи ниту бакрач“, а потпишан со Д. Стефан до СДСМ: „80% изгубивте во Македонија, демократски е парталите и да ве нема...“ Велко Апостолов постирал: „Сега и судиите ќе ве подберат, кај ќе ви биде крајот“.

Ивановска - Се чудам зошто нема одговор од обвинителството за Холидеј Ин
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:12 0:00


Неделното интервју на РСЕ е со Билјана Ивановска, претседателка на Државната антикорупциска комисија, која покрај другото го повторува она што го изјави на неодамнешната прес конференција, дека на многу нивни пријави до Обвинителството нема никаква реакција и дека „Владата треба да даде пример, а не да води антикорупциски кампањи“. Ивица Мирчевски, ѝ забележува: „А еден случај да решевте?“ Ѓорѓи Ристески во недоумица: „Сега нѐ збуни, а која влада?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG