Достапни линкови

Џо Бајден стана 46 претседател на САД


Новиот американски претседател Џо Бајден со сопругата, Џил Бајден.

По едни од најконтроверзните претседателски избори и транзициски периоди во историјата на САД, Демократот Џо Бајден денеска попладне даде заклетва и ја презема должноста претседател, на скалите на Капитол, под силно обезбедување во Вашингтон.

„Демократијата надвладее“ порача 78-годишниот Бајден на почетокот на својот говор откако даде заклетва како американски претседател заменувајќи го Доналд Трамп.

Прв пат во 152 години, претседателот во заминување, во случајов Трамп, не присуствува на инаугурацијата, иако поранешните шефови на државата Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Барак Обама присуствуваа на Бајден кој пред претседателот на Врховниот Суд Џон Робертс даде заклетвата на новата функција.

На церемонијата присуствува Потпретседателот на Трамп, Мајк Пенс, изјави дека ќе биде таму, како и многу други републикански конгресмени.

Историја се испише кога 56-годишната Камала Харис положи заклетва како потпретседател и стане прва жена и прва обоена личност на таа функција.

Уникатна инаугурација на Џо Бајден
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Неколку дена пред инаугурацијата, а особено денеска, центарот на Вашингтон е под силно обезбедување од страна на 25 илјади припадници на Националната гарда, а поставени се и огради со бодликава жица, поради стравот од можни закани и напади од групите кои упаднаа во Конгресот на 6 јануари. Многу улици во центарот се блокирани, а дестици метро станици се затворени.

„Не сакаме огради и да гледаме вооружени војници на нашите улици, меѓутоа моравме така да постапиме по обидот на таканаречените патриоти да ја соборат владата“, рече градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Баусер.

На церемонијата по повод инаугурацијата на Бајден, американската химна ќе ја изведе Леди Гага, а ќе настапат и Џенифер Лопез и Гарт Брукс.

Претходно, на кратка церемонија по неговото доаѓање во Вашингтон, Бајден оддаде почит за 400 илјади Американци кои починаа од Ковид-19.

„За да се излекуваме, треба да се поддржуваме. Некогаш е тешко да се сетиме, но ние така се лекуваме. Затоа сме денеска овде“, рече Бајден еден ден пред инаугурацијата.

Камала Харис на истиот настан говореше за единството на нацијата.

„Додека Американците тагуваа сами во поголемиот дел од пандемијата, вечерва почнуваме да тагуваме и да се лекуваме заедно“, истакна Харис, пред 400 запалени светла во чест на 400 илјади животи однесени од коронавирусот.

Пред поаѓањето за Вашингтон, Џо Бајден имаше емотивна проштална изјава во која вети дека „секогаш ќе биде горд син на државата Делавер“. Ноќта тој ја минал во Блер Хаус, официјална резиденција за гости на американскиот претседател која се наоѓа спроти Белата Куќа.

Инаку, Доналд Трамп во неговото проштално видео на последниот ден од мандатот, синоќа ги повика Американците да „се молат за успех“ на администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

„Оваа недела инаугурираме нова администрација и да се помолиме за нејзин успех во одржување на безбедна и просперитетна Америка“, истакна Трамп во дел од видео- пораката која ја објави Белата Куќа.

Тој во говорот ги цитираше, како што рече, успесите на неговиот четиригодишен мандат, но не го спомна Бајден во делот од видео пораката која беше објавена.

Трамп во заминување неколку пати се обиде да ја поништи победата на Бајден на изборите од 3 ноември, тврдејќи без докази дека победата му е украдена. Ваквите тврдења десетина пати беа одбиени од неколку американски судови, а случаите покренати од правниот тим на претседателот не поминаа ни во Врховниот суд.

Инаку, Доналд Трамп го помилува неговиот поранешен советник Стив Бенон во последниот бран помилувања пред денешното напуштање на претседателската канцеларија. Трамп одобрил 143 помилувања и преиначувања на пресуди на широк спектар личности, вклучувајќи поранешен републикански финансиер, рап ѕвезда и поранешен градоначалник.

„Претседателот Доналд Трамп им даде помилување на 73 лица и преиначување на пресудите на други 70 лица“, се вели во соопштението на неговата администрација.

Судбината на Бенон, влијателен советник на Трамп, кој помогна во менаџирањето на претседателската кампања во 2016 година, беше една од наијинтересните за јавноста. Тој се соочи со федерални обвинувања за наводна измама на луѓе при собирање средства за изградба на граничен ѕид меѓу САД и Мексико, проект на Трамп. Бенон се изјасни за невин по овие обвиненија.

  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG