Достапни линкови

„Извор на смртта“: напади врз Украина од бази во Русија и Белорусија


Стратешки бомбардер на руските воздухопловни сили Тупољев Ту-22М3

„Русија го претвори украинското небо во извор на смрт за илјадници луѓе“, рече претседателот Володимир Зеленски овој месец. Испитувањето на сателитски снимки покажува дека Русија можеби користи над 30 воздухопловни бази за бомбардирање на Украина. Кирило Овсијани

Русија можеби користи повеќе од триесетина воздушни бази за да изврши напади против Украина, вклучително и некои лоцирани во Белорусија и Крим, покажува испитувањето на сателитски снимки.

Русија во голема мера доминираше на небото откако започна голема инвазија врз Украина на 24 февруари, уништувајќи ја украинската цивилна и воена инфраструктура со проектили и бомби и спуштајќи падобранци за да ги освојат клучните територии.

Москва - Руските сили погодија 41 локација на украинската војска во последните 24 часа

Се верува дека Русија изведува и до 200 летови дневно. Ракетите и бомбите што ги лансираат воените авиони ги опустошија градовите и убија веројатно илјадници цивили.

„Русија го претвори украинското небо во извор на смрт за илјадници луѓе“, рече претседателот Володимир Зеленски, молејќи ги Соединетите држави да дадат поголема помош за заштита на земјата од воздушни напади.

Соединетите држави јасно ставија до знаење дека не се подготвени да поддржат зона на забранети летови над Украина, велејќи дека тоа „ќе ги стави силите на НАТО во потенцијален контакт или конфликт со Русија“ и ќе ја однесе војната „на сосема ново ниво“.

Руските воени авиони и хеликоптери кои ја напаѓаат Украина можеби полетуваат од околу 40 воздушни бази, според анализата на Схеми, истражувачки проект што го води украинската служба на РСЕ во соработка со телевизијата UA: Pershy

Илјадници мртви во Мариупол, градоначалникот бара целосна евакуација

Схеми испитуваа сателитски снимки од приватната компанија со седиште во САД Maxar Technologies. Украина соопшти дека руските авиони кои летаат над Црното Море го напаѓале регионот Лвив на запад.

„Русија активно ги користи воздушните бази лоцирани на полуостровот Крим на Црното Море за бомбардирање на Украина“, изјави Олександр Мусијенко, шеф на Центарот за воено правни студии во Киев.

Тој прецизира дека бомбардери од типот Тупољев вооружени со крстаречки ракети Kh-101 биле стационирани на Крим. Русија ги бомбардира регионите на Лвив, Виница и Ивано-Франковск со крстосувачки ракети Kh-101.

Русија, исто така, може да користи дури девет воздушни бази во Белорусија, најблискиот воен сојузник на Русија, покажаа сателитските снимки. На нив се гледа и зголемување на бројот на воени хеликоптери и авиони лоцирани во воздушните бази на северниот сосед на Украина по инвазијата.

Украинската војска соопшти дека забележала бомбардирање извршено од борбени авиони Сухои кои полетувале од Белорусија.

Долга линија авиони идентификувани како бомбардери Су-34 на воениот аеродром Лида во Белорусија на 17 март.
Долга линија авиони идентификувани како бомбардери Су-34 на воениот аеродром Лида во Белорусија на 17 март.

Белорусите, исто така, на Телеграм објавуваат информации за воена активност, вклучително и движење на авиони.

Русија бомбардираше училиште во Мариупол, Зеленски обвини за воени злосторства

Русија изгуби десетици авиони откако ја започна својата инвазија и можеби е при крај со многу искусни пилоти, сметаат украинските власти. Украина соопшти дека заробила најмалку двајца руски пилоти.

Киев бара од Запад повеќе противвоздушно оружје за да ги одврати руските воздушни операции.

Соединетите држави испорачаа ракети кои се лансираат од рамо за соборување на авиони и хеликоптери додека Полска и Словачка размислуваат да испратат ловци од типот МиГ-29.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG