Достапни линкови

Вакцинацијата почна


Вакцинација на граѓаните од старосната група над 77 години - Скопје, 31 март 2021

Со лицата над 77 годишна возраст ќе започне имунизација на населението против Ковид-19 со вакцината на АстраЗенека. По неколку денови ќе се вакцинираат и вработени во критичната државна инфраструктура.

Вакцинација на населението започнува денеска, откако изминатиот викенд пристигнаа 24 илјади вакцини од фармацевската компанија АстраЗенека. Најпрвин ќе бидат вакцинирани лицата над 77 годишна возраст. На Мој Термин досега од оваа група на граѓани се пријавиле над 5900 лица. Вакцинацијата ќе се одвива, на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата.

Имунизација на граѓаните над 77 години
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата е прецизно организиран процес, а испораката на вакцини ќе оди сукцесивно. До крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава, според министерството, пуштени се 9577 термини.

Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спорведува вакцинација против ковид 19. Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, а ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Во Скопје вакцинацијата ќе се одвива во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и Букурешт.

Директорот на Здравствен дом Скопје Виктор Исјановски вели дека се подготвени за вакцинацијата. Според него, кога ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани со над 77 годишна возраст ќе се започне со имунизација на граѓаните над 70 години.

„Таа селекција ја врши Мој термин, односно Министерството за здравство каде според матичниот број сите оние граѓани кои се пријавиле ќе може да дојдат да се вакцинираат. Значи системот за вакцинација за широка популација го почнуваме и се надеваме дека во најскоро време ќе вакцинираме најголем број“, вели Исјановски.

На прашањето дали е задоволен од пријавената бројка на лица од првата група за вакцинација Исјановски вели дека тој е задоволен што се започнува со вакцинацијата.

„Дали е таа бројка голема. Дали е таа бројка помала. Искрено јас не можам да ви ги кажам тие статистички податоци. Меѓутоа, како медицинско лице кое ја поддржува вакцинација јас сум пресреќен што започнуваме со вакцинацијата“, додава Исјановски.

Национална техничка група за имунизација против Ковид- 19 донесе одлука за неколку дена да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура.

„Во следните денови ќе започне вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура која ќе се одвива во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде е во план дневно да се вакцинираат по неколку илјади лица“, велат од Министерството за здравство.

Вкупно 4000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории. Во критична инфраструктура се вработени во МВР, АРМ, новинари, вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

„Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање“, додаваат од министерството.

Граѓани за вакцинирањето во Македонија против Ковид 19
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

Вакцините на АстраЗенека се обезбедени преку Ковакс механизмот, кој е систем на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација којшто овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам.

Британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека во меѓувреме ја ажурираше стапката на ефикасност на вакцините на 76 проценти и ја преименуваше својата вакцина против ковид-19 и сега е наречена „ваксзервија“. Во соопштението, компанијата посочи дека промената на името не значи промена во составот на вакцината. Вакцината, според компанијата, која ја разви со Универзитетот во Оксфорд, е 100 посто ефикасна против тешки или критични форми на болеста. Исто така, АстраЗенека рече дека вакцината покажала 85 процентна ефикасност кај возрасни на 65 години и постари.

Европската агенција за лекови објави дека вакцината на АстраЗенека е безбедна вакцина, чија ефикасност во спречување на ковид-19 е далеку поголема од потенцијалните ризици. Агенцијата објаснува дека нивниот научен заклучок е дека појавата на згрутчување на крвта по вакцинацијата е пониска од очекуваната кај општата популација и дека нема зголемен ризик од згрутчување на крвта по приемот на вакцината АстраЗенека.

Дали „Ковид пасоши“ ќе го обноват туризмот во Европа?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Досега се вакцинирани 7005 здравствени работници. Преку vakcinacija.mk засега се пријавиле над 117 заинтересирани граѓани. Здравствените власти најавија дека до крајот на април ќе пристигнат дополнителни 76.000 дози вакцини против Ковид-19.

Пред вакцините од АстраЗенека во земјава стигнаа и 8190 вакцини од производителот Фајзер, кои беа донација од Србија и 6000 вакцини Спутник В од Русија кои беа наменети за здравствените работници.
Досега во земјата се направени вкупно 620.810 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG