Достапни линкови

Занаетчиите бараат помош од Владата поради пандемијата


Илустрација - Старата скопска чаршија

Занаетчиската комора на Скопје денеска побара и занаетчиите да можат да аплицираат за мерките за поддршка на бизнис секторот поради ситуацијата со коронавирусот. Од Комората велат дека без помош од државата, поради намалената побарувачка на услугите од пандемијата, се доведува во прашање опстојувањето на бизнисите и работните места на 5 800 занаетчии и 3300 други вработени во оваа дејност.

Според претседателот на Занаетчиската комора на Скопје, Никола Петров, тие предлагаат во мерката за субвенционирање на плати да бидат предвидени и занаетчиите, а ослободувањето од аконтација на данок на личен доход додека трае пандмијата да се однесува и за занаетчиите кои паушално плаќаат данок и занаетчиите кои плаќаат данок од реално остварен приход се додека трае кризата. Бараат да се најде можност и тие да аплицираат за кредити преку Развојната банка, а тие кои ќе бидат во самоизолација, пак, да се третираат како болни, а трошокот да биде на товар на Фондот за здраство.

Доколку со мерката за субвенционирање на платине се опфатат занаетчиите за време на кризниот период, предупредува Петров, постои голема можност за затворање на бизнисите и отпуштање на вработените.

XS
SM
MD
LG