Достапни линкови

Земјите во ЕУ се борат со бавната дистрибуција на вакцините


Медицинска сестра држи шишенце со вакцина против ковид-19 на Фајзер/БиоНтек.

EУ имаше тежок старт на новата година кога станува збор за борбата против ковид. Се појавија нови мутации, зголемен број на инфицирани, нови карантини. Но полошо од тоа е бавниот и нерамномерен начин на распределба на вакцината низ европските земји, пишува авторот на „Брисел блог“, Рикард Јозвијак.

За Унија која што се гордее со промовирањето на социјалниот модел и каде квалитетот на животот според нив е совршен, ова навистина може да биде штетно, пишува Јозвијак, говорејќи за потешкотиите со кои земјите во ЕУ се соочуваат, сега кога сите надежи за враќање во „старото нормално“ се во вакцините против ковид -19. При распределба на вакцината европските земји заостануваат зад Велика Британија, САД и Израел.

Тој понатаму додава и дека, кредибилитетот на Брисел, како и на националните политичари, од кои многумина од нив ќе се соочат со гласачите оваа година на клучни избори е тесно поврзан со тоа колку добро ќе се одвива процесот на вакцинација во следните месеци.


Европската унија минатото лето одлучи дека нејзината стратегија за вакцинирање ќе има класична мешавина од европскo - национален карактер. Имено 27-те земји членки под водство на ЕУ преговараа за вакцините со неколку компании преку надлежна Европската комисија. На овој начин преговорите беа успешни и издејствуваа големи финансии. Но, се чини дека ова беше полесниот дел од процесот.

Европската агенција за лекови (ЕМА), мора да оцени дека секоја вакцина е безбедна. Агенција всушност има централизирана власт низ целиот блок, но со значителен придонес од различни европски метрополи пред одделни земји-членки конечно да можат да ги нарачуваат дозите и да плаќаат директно, без да треба да е инволвиран Брисел.

Испораките исто така се индивидуални, односно зависат од секој од главните градови поединечно, бидејќи зависи од секоја нација и од специфичната компанија да се договорат за точниот број на дози и локацијата каде треба да се испорачаат. Со вакцината на Фајзер/Бионтек, која во моментов се чини дека е победник во трката со вакцини, постои избор дали компанијата ќе достави до еден национален центар, а властите тогаш ќе бидат одговорни за дистрибуцијата или фармацевтскиот гигант, пак, ќе ја достави низ центрите во една земја.

Балканот заборавен од ЕУ за вакцини против Ковид 19
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Сè на сè, овој процес создаде европска крпеница и многу критики. Поради политичка гордост, Велика Британија, започна да го вакцинира своето население скоро три недели пред граѓаните од земјите членки на ЕУ, кои, пак, се вакцинираа веднаш по Божиќните празници. Или низ бројки досега скоро 4 проценти од британското население е вакцинирано. Дури 20 отсто од израелското население е вакцинирано, 2 проценти од американското, а во многу малку земји од ЕУ процентот е еден.

Вината секако дека може да се префли на Европската Комисија дека не купила повеќе дози кога пред неколку месеци беше објавено дека вакцината е најбезбедна. Нивната првичната одлука беше набавка на 300 милиони дози. Брисел тврди дека се стекнува со „разновидно портфолио на вакцини“ со шест различни компании за кои до крајот на годината се очекува да генерираат над 2 милијарди дози.


Изговорите во некои европски метрополи, исто така, поставија прашалници колку добро земјите-членки го планираа ширењето и дали државниот апарат навистина е ефикасен, како што се надеваат даночните обврзници. Холандија, која вообичаено сака да се докаже дека е ефикасна во спроведување на акции, беше последната земја во ЕУ која започна со вакцинација со тоа што првата доза ја прими премиерот Марк Руте. Нивното објаснување за тоа дека последни почнаа со имунизација против ковид - 19 е дека земјата била изненадена дека вакцината на Фајзер мора да се чува во ултра ладни замрзнувачи, немале проблем да ја одобрат, но во исто време холандските власти едноставно имале сомнежи и страв, како сè тоа ќе се изведе.

И францускиот претседател Емануел Макрон го има истиот проблем како и холандските власти, бидејќи не знаат што да очекуваат на локалните избори во март. Администрацијата на Макрон беше остро критикувана поради бавниот почеток на вакцинацијата, со само неколку стотици добиени во првата недела. Нагласената бирократија, односно потребата ризичното население да се консултира со лекар и да добие согласност за добие вакцина, но можеби уште позагрижувачки е фактот дека француското население е едно од најголемите скептици во светот кога станува збор за вакцинација против ковид-19, анкетите покажуваат дека само 40 отсто од испитаниците би примиле вакцина. Ако работите продолжат по овој терк во Франција, тоа може да му се одрази на Макрон и неговиот претседателски реизбор на пролет во 2022 година.

Жалејќи се на бриселската бирократија во Германија, која се покажа како малку поефикасна во корона-пандемијата, разговорите главно се фокусираа на тоа дали работите би биле подобри ако Берлин ги преземеше работите во свои раце, на чело со Маркус Содер, премиерот на Баварија, кој е најфаворизираниот политичар од редовите на конзервативната партија кој може да ја наследи канцеларката Ангела Меркел на германските национални избори на есен. Гласините дека побогатите земји – членки, што сега се стремат кон индивидуални зделки, ја натераа Комисијата да подвлече дека земјите-членки можат слободно да купуваат дополнителни вакцини, но само доколку тие не влијаат на испораката на дозите кои веќе се договорени со ЕУ.

Унијата исто така брзо се придвижи за да обезбеди привремен договор со Фајзер/Бионтек за да добие дополнителни 300 милиони дози, што би требало да пристигнат во вториот и третиот квартал, втората вакцина од „Модерна“ треба да се дистрибуира оваа недела во земјите членки неделава. А, вакцината на Оксфорд/Астра Зенека треба да добие зелено светло на крајот на месецот.

Подготви Теодора Цветковска

XS
SM
MD
LG