Достапни линкови

Ердоган на разговори со Меркел, Макрон и Џонсон за бегалската криза


Ердоган и Меркел

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе одржи телефонска конференција со лидерите на Германија, Франција и Велика Британија за проблемите во односите Турција-ЕУ, по отворањето на границите за мигрантите кои од турско тло заминаа кон европските земји.

Десетици илјади мигранти се обидоа да влезат во Грција, земја членка на ЕУ, откако Турција на 28 февруари објави дека повеќе нема да ги спречува мигрантите да ја напуштат нејзината територија, што беше дел од договорот со Брисел во 2016 година, во замена за помош од ЕУ.

XS
SM
MD
LG