Достапни линкови

Димитров: Работата сo ЕУ уште не е завршена до крај


Никола Димитров

Дебата на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел продолжува попладнево и консензусот односно работата не е докрај завршена, има големи изгледи и позитивни сигнали од огромно мнозинство на земјите членки, но текстот и работата не е докрај завршена и КОРЕПЕР не е тело што носи политички одлуки, одговори на новинарско прашање министерот за надворешни работи Никола Димитров за веста што претходно ја сподели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека е постигнат консензус за одлука за започнување на преговори со Македонија. Димитров на денешната заедничка видео конференција со неговиот германски колега Михаел Рот истакна дека во ЕУ се уште се води дебата како на 24 март да се одржи Советот за општи работи затоа што како што вели, Белгија ја заклучи државата и многу е тешко кој било од министерките на земјите членки да присуствува во Брисел на 24 март.

„Мислам дека ЕУ ќе згреши многу ако прати сигнал дека толку е преоптеретена со здравствената криза што не може ништо друго да прави. Ќе биде многу важно, после толку многу работа и толку многу напор кога сме на чекор до тој заеднички успех, ќе биде многу важно да се одржи тоа на 24 март. За македонската јавност би повикал на внимателност, мислам дека по искуствата од 2018 и 2019 година должни сме да бидеме внимателни, и да чекаме да се заврши целосно работата пред да ги упатиме честитките“ изјави Димитров.

Рот на прес конференцијата се надева дека следната недела ЕУ ќеможе да испорача, и Советот за општи работи да се состане, затоа што потребно е да се донесе одлуката за почеток на преговори.

„Во време на корона паника не е толку лесно да испорачаме, значи мора да создадеме предуслов за Советот следната недела он лајн да може да се состане, јас лично се залагам за тоа, “ истакна Рот.

Димитров упати барање до ЕУ да ја разгледа можноста покрај поддршката за своите земји членки, да даде поддршка за ублажување на социо-економските последици во регионов од коронавирусот со пренамена на ИПА фондовите . Тој истакна дека мора да сеовозможи непречен транспорт на основните животни намирници и лекови и дека мора да се има солидарност за граѓаните кои останаа заглавени во земјите членки на Унијата.

XS
SM
MD
LG