Достапни линкови

Комунална полиција против отпадот и дивите депонии


Скопје, населба Аеродром - 1 септември 2020 година: дивите депони стануваат се побројни во главниот град.

Град Скопје нема доволен број инспектори за да се справи со дивите депонии и нелегално фрлениот отпад, вели пратеникот Мирослав Богдановски. Власта најавува закон за формирање на комунална полиција.

Фотељи, стари прозорци и градежен шут се фрлени во близина на хотелот „Хилтон“ во скопската населба Аеродром, со што е создадена мини дива депонија.

Во реката Вардар пластиката станува дел од флората и фауната, слично како и на бројни локации во Скопје каде несовесно се фрла ѓубре.

Отпадот и дивите депонии ги има дури и во заштитените зони во околината на Скопје, каква што е Кањон Матка.

Отпад и диви депонии во Скопје, пластика во Вардар
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:40 0:00

За проблемот со нелегалното отстранување на отападот и создавањето на диви депонии, власта најавува формирање на комунална полиција. Претставниците на новиот владин состав, кој беше избран минатата недела, ветија дека чистата животна средина ќе биде нивен приоритет.

Проблемот со отпадот во Македонија е долгогодишен. Земјата се уште нема воспоставено целосен систем за управување со отпад.

Допонително, кон ваквата состојба придонесуваат несовесни граѓани, ниските казни за нелегално фрлен отпад, како и малиот број на инспекотри и комунални редари.

Природните убавини страдаат од некултура и несовесност

Дрвјата на Матка „украсени“ со отпадоци
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Мирослав Богдановски - пратеник од партијата ДОМ и доскорешен ракодител на Инспекторатот на Град Скопје, се согласува дека низа фактори влијаат за сликата со отпадот во главниот град.

„Град Скопје располага со осум инспектори и со 16 комунални редари, што за еден град како Скопје е премалку“, вели Богдановски додавајќи дека инспекторатот со постоечкиот човечки капацитет не е во состојба да го покрие целиот град.

Тој смета дека во борбата против дивите депонии, општините треба да добијат поголем буџет, но посочува и дека е потребно зголемување на казните за оние кои ги создаваат тие диви депонии.

„Казните според мене се многу мали и мислам дека треба да бидат драстично зголемени“, вели Богдановски.

На пример, како што објаснува Бодановски, казната за нелегално отстранет градежен шут изнесува 50 евра, што доколку прекршителот ја плати во рок од осум дена, таа ќе изнесува 25 евра.

Комунална полиција

Мерки за нелегално фрлање отпад најави новата Влада, преку донесување на закон за формирање на комунална полиција, која ќе биде под ингеренции на локалната власт. Според владината програма, комуналната полиција треба да почне со работа во 2021 година.

„Со [комуналната полиција] ќе можат досегашните комунални инспектори и еко патроли заеднички да преземат мерки за сторителите на штетните активности: одлагање на отпад на места кои не се предвидени за тоа, создавање на диви депонии од градежен и мешан комунален отпад, палење на гуми и останати високоштетни материи, палење и уништување на контејнери и сл. со мандатни казни“, се вели во програмата.

Пратеникот Богдановски наведува дека планирано е за почеток во комуналната полиција да бидат вклучени од 30 до 50 луѓе, кои ќе бидат распределени по општини и кои ќе работаат во три смени. Тие ќе имаат поголеми ингиренции на дејствување, вели тој.

„Доколку инспекторите сега затекнат некое лице [кое нелегално фрла отпад], тие немаат ингеренции во однос на легитимирање, спроведување и задржување“, вели Богдановски.

Централизиран инспекциски надзор

Од друга страна, Дарко Блинков – раководител на секторот за поддршка, аналитика и меѓународна соработка при Државниот инспекторат за животна средина, е со размислување дека во државата треба да функционуира „посебен и единствен“ систем на инспекциски надзор, а не како што е во моментов кога постои државен и повеќе локални инспекторати.

„Со мирна совест може Владата да ги укине локалните инспектори од сите области и практично да излезат од ростерот на општините за да имаат независност“, вели Блинков.

Останува да се види кога Владата ќе го предложи законот за формирање на комуналната полиција и дали надлежните ќе ја засилат контролата на терен.

За Европа ѓубрето е ресурс, Македонија не може да го собере по улици

Но, проблемот со отпадот во Македонија секако треба да се решава системски преку воспоставување на целосен систем за управување со отпад, како што предвидува Законот за управување со отпад.

За тоа треба да бидат отворени депонии во сите плански региони, во Североисточниот, Југоисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Скопскиот регион во Македонија.

Овие проекти досега не беа реализирани, главно бидејќи општините на чија територија се планираат депониите ја блокираат нивната изградба.

Спроед Законот за управување со отпад, предвидено е формирање на осум регионални депонии за решавање на проблемот со отпадот во општинските депонии, кои не исполнуваат стандарди за заштита на животната средина, како и со отпадот од бројните диви депонии на стотици локации во земјава.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG