Дали западното оружје може да ѝ помогне на Украина да ја запре руската офанзива во Донбас?
Украински војници со оклопно борбено возило на непозната локација во источна Украина. Фотографијата е објавена на 19 април.
Гарван Валше, поранешен советник за безбедност на британската Конзервативна партија објаснува како западната воена опрема може да ја наклони борбата во корист на Украина. Рид Стендиш
Додека руските сили започнуваат сеопфатен напад врз источна Украина, Западот се обидува да го снабди Киев со понапредно и потешко оружје. Украина им пркоси на бојното поле на руските сили кои се повлекоа од северна Украина.
Но, експертите велат дека обемот на западната воена помош веројатно ќе ја дефинира следната, и потенцијално решавачка фаза од војната.
Други земји - од Словачка, преку балтичките земји до Канада - исто така почнаа да испраќаат потешко и со поголем дострел оружје, вклучувајќи хаубици, противвоздушни системи, противбродски ракети, дронови, оклопни камиони, транспортери и тенкови.
Низ фотографии: какво оружје и опрема САД ѝ испраќаат на Украина
1/11Единаесет хеликоптери Ми-17
Овие хеликоптери од советски дизајн се користат најмногу за транспорт и можат да пренесат до 24 војници или четири тони товар, но некои варијанти се опремени со митралези и/или наведувани проектили.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
2/11Петстотини проектили Javelin и „илјадници други противоклопни системи“
Ракетите Javelin произведени во САД, веќе имаат широко распространета употреба против руските оклопни сили во конфликтот во Украина. Оружјето овозможува напади „пукај и заборави“ на оддалеченост до 2,6 километри. Во овие напади, ракетата сама се води до избраната цел, што значи дека борците можат да лансираат, а потоа веднаш да бараат засолниште. Еден фрлач и проектил чинат 178.000 долари според буџетот на Пентагон за 2021 година.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
3/11Десет контраартилериски радари AN/TPQ-36
Овој „радар за лоцирање оружје“ се користи за забележување артилерија што доаѓа и ја следи траекторијата на граната за да се пресмета од каде е истрелан непријателскиот проектил.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
4/11Двесте оклопни транспортери М113
Овие возила забележаа широко распространета борбена употреба во Виетнамската војна, но сега се користат од страна на Соединетите држави главно како возила за поддршка, како што се амбулантни возила на бојното поле. М113 може да превезе до 15 патници и има лесен алуминиумски оклоп, кој штити само од мало оружје и фрагменти од шрапнели.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
5/11Неодредено количество експлозив Ц-4 и „опрема за уривање и за расчистување пречки“
Овој пластичен експлозив може да се обликува како Play-Doh и има експлозивна моќ да сече низ челик, како што се железнички пруги. Украински борци се снимени како користат експлозиви за да уништат железнички мост во близина на руската граница.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
6/11Триста Switchblade тактички беспилотни воздушни системи
Овие „самоубиствени беспилотни летала“ тежат само 2,5 килограми и можат брзо да се катапултираат од цевка слична на минофрлач. Switchblades користат видео довод во живо за да лоцираат цели и се опремени со боева глава со големина на граната, способна да убива непријателски борци и да оштети неоклопни возила. Системот е многу побрз и поевтин од повикувањето воздушна поддршка, при што секој дрон чини околу 6.000 долари. Поголема верзија на Switchblade е дизајнирана да уништува оклопни возила.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
7/11Неодреден број противпешадиски мини М18А1 Клејмор
Овие насочени мини се полни со 700 челични топчиња со големина на грашок, поддржани со ѕид од експлозив. Кога се детонираат, челичните пелети прскаат нанадвор побрзо од повеќето куршуми од пушка.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
9/11Сто оклопни високомобилни повеќенаменски возила на тркала
Humvee стана синоним за американската војска. Возилата со ниска приколка се способни да бидат опремени со оружје, вклучувајќи тешки митралези или противтенковски проектили.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
10/11Осумнаесет хаубици од 155 милиметри и 40.000 артилериски куршуми
Не е јасно кои хаубици од 155 милиметри од американскиот арсенал ќе ѝ бидат испорачани на Украина. Моделот M198 што се гледа на оваа слика првпат стапи во служба во војската на САД во 1970-тите, но страдаше од неколку недостатоци во дизајнот и сега во голема мера е заменет со понова верзија. Хаубицата М198 има дострел од повеќе од 20 километри.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
11/11Неодреден број на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни заштитни одела
Таквата опрема би била од витално значење како последица на напад со нуклеарно или хемиско оружје.
Пентагон, исто така, вети дека ќе ѝ достави на Украина медицинска опрема, панцири и шлемови, оптички уреди, ласерски уреди и неодредени модели на „беспилотни бродови за крајбрежна одбрана“.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
Previous slide
Next slide
Новото ниво на помош покажува колку брзо еволуираше западната поддршка во текот на скоро двомесечната војна.
Кога руските трупи ја нападнаа Украина на 24 февруари, западните влади очекуваа кратка војна и го снабдуваа Киев со лесно оружје и опрема, вклучувајќи пушки, шлемови, комуникациски системи.
Но, досегашниот успех на бојното поле на Украина ја смени таа пресметка, при што западните власти сега бараат начини да ја вооружат Украина не само за клучна борба во источниот регион на Донбас, која повеќе ќе се потпира врз тенкови и артилерија, туку и за долга и тешка војна против руската војска.
Западна воена опрема се товари во авион за испорака во Украина.
Гарван Валше, поранешен советник за безбедност на британската Конзервативна партија и извршен директор на консултантската група Артикал 7 во интервју за Радио Слободна Европа вели дека Украина не добива онолку колку што треба.
„Можеби се постигнува доволно и од она што го имаат, бидејќи украинската армија неверојатно ефикасно ја користи опремата. Тие имаат многу висок морал, имаат добро обучени војници и исто така можат да запленат многу руска опрема и да ја вратат во употреба. Но, навистина, западната поддршка беше премногу бавна и не во доволен обем“.
„Тоа можеме да го видиме од масакрите во Буча и на други места. Западот навистина треба да ѝ даде на Украина сè што е достапно, за да може да се бори против оваа екстремно агресивна воена операција и да ги потисне Русите од територијата што ја окупираа“, вели Гарван Валше, додавајќи дека корисно би било артилериското оружје.
„Ќе има многу интензивна војна и на Украина ќе ѝ треба ужасно многу муниција. Ќе им треба многу муниција за артилерија од советската ера, како и за артилерија во западен стил, каде што гранати се со поразлични големини“.
Сепаратистички борци поддржани од Москва истрелуваат ракети „Град“ врз украинските сили во регионот на Доњецк на 11 април.
Валше се сомнева дека снабдувањето со авиони ќе оди лесно, бидејќи за нивно пилотирање е неопходна долга обука. Според него, сепак Западот има капацитети да почне посериозно воено да ја снабдува Украина:
„Потребно е Западот треба да го промени начинот на размислување и да разбере дека ова ќе биде долга војна и дека Западот и Украина можат да победат затоа што имаат многу посупериорна економска способност во споредба со Русија. На долг рок, борбата ја фаворизира Украина. Но, Западот треба да ги поддржи за да можат Украинците да стигнат до таков долг рок“, вели Валше, наведувајќи дека Украина има и многу силна домашна одбранбена индустрија.
„Значи, дел од тие напори ќе ѝ помогнат на нивната домашна одбранбена индустрија да се прилагоди на западните стандарди и на опремата на НАТО за да можат да одиграат целосна улога и всушност да станат на долг рок многу истакнат снабдувач на оружје“.
На прашањето за извесната неподготвеност од некои западни земји, особено Германија, да ја снабдат Украина со тешко вооружување Валше вели:
„Во германската влада се води жестока внатрешна битка меѓу министерката за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за енергија Роберт Хабек, кои се од Партијата на зелените и имаат многу поостра линија за ова, и канцеларот Олаф Шолц кој е со Социјалдемократската партија (СДП). Нивниот последен канцелар беше Герхард Шредер, кој сè уште работи во управниот одбор на Роснефт, руската енергетска компанија, и сè уште не дал оставка. Имате и други луѓе (од СДП) како претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, кој неодамна не беше примен во Украина затоа што во минатото имаше премногу проруска линија. Зелените се залагаат за многу поагресивна акција. Таква е политиката долго време, како за енергетските санкции, така и за воените набавки. Значи, има простор за надеж во Германија, но тие треба да продолжат да се борат и да го свртат овој супертанкер. Ќе потрае некое време“.
Валше вели дека од друга страна, самите Германци немаат толку многу воена опрема.
„Најдоброто нешто што сега можат да го направат Германците е да ги прекинат испораките на нафта од Русија и Бербок најави дека ќе почнат да го прават тоа до крајот на оваа година. Но, тоа е навистина премногу бавно. Германија не зависи значително од руската нафта, но голем дел од парите што Русија ги заработува се од продажба на нафта наместо од продажба на гас, бидејќи нафтата е многу поскапа. Би било изводливо да се прекине снабдувањето со нафта и да се придвижи кон намалување на испораките на гас, но тоа е очигледно потешко. Другото нешто што можеше да го направи Германија е да ѝ испорача пари на Украина за да може сама да купува оружје од други земји кои всушност го имаат и можат да ја снабдуваат“, наведува Гарван Валше, поранешен советник за безбедност на британската Конзервативна партија во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.