Достапни линкови

Гутереш: Со усогласено делување против глобална рецесија


Антонио Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, се заложи светските влади усогласено да делуваат во спречувањето на рецесијата на светската економија заради ширењето на коронавирусот.

„Освен што ја предизвика кризата на јавното здравство, вирусот ја зарази и светската економија“, напиша Гутереш во уводникот на португалскиот дневен весник „Публико“.

Според Гутереш, ширењето на вирусот го нарушил синџирот за набавка и предизвика пад на вложувањата и потрошувачката, што доведе до „реална и се поголема опасност од рецесија во светот“.

Меѓународниот монетарен фонд неодамна предупреди на сериозноста од забавување на светска економија заради пандемијата од коронавирусот, што ќе зависи од нејзиното траење и реакциите на владите. ММФ во април треба да ги објави своите ажурирани економски прогнози.

XS
SM
MD
LG