Достапни линкови

25-годишнината на Шенгенскиот договор за отворени граници се одбележува со спуштени рампи


Илустрација - Граничниот премин Липица меѓу Словенија и Италија

Европската унија денеска ја одбележува 25-годишнината од нејзиниот Шенгенскиот договор за отворање на границите со затворање на сите свои копнени граници или со силни проверки поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот, објави Ројтерс.

Шенгенскиот договор, во чија основа е сè поинтегрирана и обединета Европа, стапи во сила на 26 март 1995 година. Првично се укинаа проверките на границите меѓу Франција, Германија, Белгија, Холандија, Луксембург, Шпанија и Португалија. Во следните месеци и години се прикчлучија и други држави, па денес Шенген зоната брои 26 членки, вклучително и Швајцарија и Норвешка, кои не се членки на ЕУ. Но, на својата 25-годишнина од договорот, неговата основа практично е суспендирана заради коронавирусот, кој ги замрзна повеќето економски и социјални активности, ги наруши синџирите на снабдување и повеќето Европејци ги претвори во затвореници во нивните домови.

Во вчерашниот интерен извештај на ЕУ, се вели дека сите земји-членки на ЕУ вовеле ограничувања на границите или нивно затворање, со исклучок на Ирска, која не е членка на шенген-зоната и не дели никаква копнена граница со државите на ЕУ по излегувањето на Велика Британија од блокот.

XS
SM
MD
LG