Достапни линкови

Годинава под знак прашање и ЕУ и НАТО - вие коментирате


Македонија, НАТО, ЕУ

Две теми најмногу се коментирани од посетителите на ФБ страницата на РСЕ: определувањето датум за почеток на преговори со ЕУ за членство и нашиот прием, барем досега сигурен некаде во декември, во НАТО.

Според досегашните информации, работите изгледа се комплицираат, а граѓаните реагираат. Дописникот на РСЕ од Брисел од дипломатски извори дознава дека отворањето на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија и Албанија најверојатно ќе се одложи, најрано до следното лето, а за тоа би било виновно француското вето кое, како што пишува германската новинска агенција ДПА, ќе ја стави Франција во судир со Германија и со другите членки на ЕУ кои се убедени дека пристапните преговори треба да почнат.

Ебрар Реџеп не е убеден во некаков судир, па пишува: „Каков судир, тие сами прават далавери, сега јас, после ти... поради Македонија судир – смешни сте“. Зоки Настески со потсетување на историјата: „Овој п... е во договор со Путин. Франција, Англија и Русија се потписнички на Букурешкиот договор, колку и да мисли некој дека сме браќа со Русите, нити сме биле нити ќе бидеме, па нели сме антички?“ Но, Андреј Аврамов го сфаќа како подбив и му одговара: „Зоки, и Русите се антички. И Монголците и Таџикистанците“. Бобан Ончески со обвинувања до СДСМ: „Датум – нема! Име – нема! Јазик – нема! Македонски, македонско, Македонец – нема! Нобелова – нема! Со СДСМ нема што нема!“ Арлинд Нуредин смета дека „На ЕУ најмногу ѝ одговара гетоизирање на Западен Балкан... Тоа ќе се оствари преку формирање на некаков си Балкански сојуз од сите држави на бивша СФРЈ плус Албанија и Косово, визната либерализација ќе си остане и на тој начин ќе се постигне ефектот: ’И волкот сит и овците на број‘ Вака ќе се тера сè додека не ѝ дојде крај на ЕУ кога веќе ќе нема смисла проширувањето“. Јетон Џети е против оние што се радуваат на можноста за недобивање датум за пристапни преговори: „Сега радвајте се, некои одвај чекаа во државата, а и до некаде и самите сме криви – фатете се за реформи!“ Ивица Стојановски иронизира: „А зошто ќе ни е тој ’влез‘? За да не мора повеќе да трчаме по бугарски пасоши и со нашите побрзо да го најдеме ’излезот‘...“ Кирил Лазаров постирал: „Франција не нè кочи и блокира, само бара наши брзи реформи. Нема Европа без правила на живот“. Има и многу постови со критики до премиерот Зоран Заев, вообичаено напишани со непримерен јазик, и нема да ги цитираме.

Јанкович - Oпремата на АРМ е застарена
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:24 0:00

Неделното интервју на РСЕ е со шефот на Канцеларијата за врски со НАТО во земјава, Зоран Јанкович, кој покрај другото навестува и можно одредено одложување на формалниот прием на земјава во Алијансата, и дека тоа не морало да се врзува за самит или определен министерски состанок. И повторно негативни реакции на нашите посетители. Ило Миладиноски на кумановски дијалект напишал: „... и таму не гу примаф северну“, и аплицирал емотикон со злобна насмевка. Сузана Геговска се мајтапи на сметка на премиерот: „Што им прави Заев!? Сите пријатели ни станаа? Магија, хаха, и да не сме влезени во НАТО и ЕУ!!!! Хахаха“. „Таму арамии не им требаат“, постирал Иле Трипчев, а Томи Димовски до членовите на ВМРО-ДПМНЕ: „Не се радувајте вмрони, избори во Шпанија има“.

За политиката, како и секогаш, стотици постови и коментари, ама за животната околина – ниту една буква. Дека доцни стартот на чистење на малата депонија со отровот линдан во ОХИС, најавено за почетокот на оваа есен – навистина нема ниту еден коментар.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG