Достапни линкови

Гневот по поразите на Русија на бојното поле - предизвик за Путин


Големите неуспеси во неговата неиспровоцирана инвазија во Украина го зголемија притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин
Големите неуспеси во неговата неиспровоцирана инвазија во Украина го зголемија притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин

Украинската победа во градот Лиман во регионот на Доњецк е најновата во серијата големи порази на бојното поле за руската војска. Критиките кон руските команданти сега избиваат на површина. Тоа е проблем за Кремљ. Мајк Екел

Веќе со недели, на нецензурираните канали на апликацијата за пораки Телеграм, има низа лути критики за руските воени команданти среде неверојатната украинска контраофанзива во регионот Харкив и на други места, што резултираше со значителни руски загуби.

Сега со победата на Украинците викендов во Лиман, град во регионот на Доњецк и стратешки железнички центар југоисточно од Харкив, таа критика се пробива во поширокиот поглед на јавноста, стигнувајќи на насловните страници на некои од најголемите руски весници. Тоа е сериозен проблем за воените сили на Русија - и потенцијално за Кремљ.

Анкета: Русите „вознемирени и исплашени “ од мобилизацијата

„Не би предвидел државен удар. Ако го имавме, речиси ќе бевме последните кои ќе дознаеме за тоа, овие работи се случуваат прилично брзо кога ќе се случат“, вели Џејмс Никси, кој ја предводи Програмата за Русија и Евроазија во тинк-тенкот Четам хаус во Лондон, додавајќи: „Но, очигледно, постои зголемено незадоволство во високите руски ешалони за текот на војната, а тоа се манифестира на различни начини, луѓето не можат да го задржат незадоволството“.

Според Никси, проблемот е што контролата на Путин на сите начини е премногу силна за луѓето да се мобилизираат и консолидираат и да формираат сојуз, да се движат против него.

„Јас лично мислам дека руската елита никогаш не била толку изложена на ризик од колапс, искрено кажано, како што е сега“, рече тој за РСЕ.

Во текот на 23-те години како Путин е на власт, руските медиуми беа притиснати. По инвазијата на 24 февруари, тој потпиша закон што во многу случаи го криминализира независното известување за војната, како и критиките и несогласувањата, со тоа што го прогласи за незаконско „дискредитирањето на вооружените сили“.

Тоа беше поврзано со затворањето на некои од најпознатите независни медиуми во земјата, како радио станицата Ехо Москва и весникот Новаја Газета. Дури и интернет-ресурсите и компаниите за социјални медиуми како Фејсбук, Твитер и ВК се цензурирани или доведени до крај.

Апликацијата за пораки Телеграм, сепак, остана нецензурирана од руските регулатори. Резултатот беше поплава од информации, критики и дискусии, вклучително и за тоа колку лошо оди војната за руските сили. И проруските воени блогери целосно ја искористија.

„Испратете ги сите овие копилиња...боси на фронтот“

Во Русија, дискусиите за раните неуспеси на војската во Украина се придушени. Дури и откако руските сили не успеаја да го заземат Киев во раните недели од инвазијата, спречени од украинската одбрана, руските команданти и блогери го окарактеризираа повлекувањето и префрлањето на силите во Донбас - регионите Доњецк и Луганск - само како тактичка одлука. Кремљ смени неколку врвни офицери, ја реорганизираше командната структура, па дури и разреши неколку команданти.

Што ќе се случува по таканаречените референдуми во Украина?

Пред најавата на Путин за „делумна“ мобилизација на 21 септември, Игор Гиркин, озлогласениот поранешен разузнавач кој одигра инструментална улога кога за прв пат избувна војната во Донбас во 2014 година, со недели беше отворен критичар на руската војска.

На 2 октомври, еден ден откако руското Министерство за одбрана го потврди повлекувањето од Лиман, Гиркин објави фотографија од генералот Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на вооружените сили -- и го нападна.

Игор Гиркин
Игор Гиркин

Тој, исто така, го нападна главниот командант на Централниот воен округ, генерал полковник Александар Лапин, па дури и министерот за одбрана Сергеј Шојгу. „Овој другар треба да се слави за сите наши победи во сегашната специјална воена операција“, напиша саркастично Гиркин, мислејќи на Герасимов.

Рамзан Кадиров, силниот човек на чело на Чеченија, беше уште поискрен во критиките кон воените сили. На 1 октомври тој го обвини Лапин дека не обезбедил соодветни комуникации и набавки. Тој, исто така, предложи преземање подрастични мерки, вклучително и употреба на тактичко нуклеарно оружје против Украина.

„Крвав бизнис“: „готвачот на Путин“ регрутира платеници во затвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:06 0:00

На неговите критики реагираше Евгениј Пригожин, бизнисмен од Санкт Петербург, кој е познат по неговите блиски врски со Кремљ и по поседувањето на озлогласената приватна воена компанија „Вагнер“.

„Изјавата на Кадиров се разбира, воопшто не е во мој стил“, рече Пригожин, цитиран од неговата угостителска компанија Конкорд. „Но, можам да кажам… Испратете ги сите тие копилиња боси, со митралези, напред“.

На 2 октомври, таблоидниот весник Комсомолскаја Правда, чие покривање веродостојно ја поддржува владата на Путин и војната во Украина, објави искрен напис од својот главен воен дописник во кој се опишува поразот на руските трупи и „типичните причини за она што се случи“.

„За нив се зборуваше по повлекувањето од регионот Харкив: недостиг на сили и грешки на одделни воени службеници во организирањето на одбраната“, напиша репортерот, наведувајќи ги и војниците кои одбија да се борат како еден од проблемите.

„И резервите кои пристигнаа доцна, и недостатокот на координација помеѓу различните единици на теренот и недостатокот на модерна опрема за извидување. Ризикот од опкружување или срамно заробеништво стана преголем и руската команда донесе одлука да се врати назад“, напиша тој.

„Предавањето на Лиман стана политички проблем“, наведува весникот „Независимаја газета“ во колумна во која се вели „за прв пат од почетокот на специјалната воена операција, командантите на армијата се отворено именувани во коментари, наводно виновни за проблемите што се појавија на фронтот“.

Весникот, исто така, го цитираше недоверливиот Андреј Гуруљов, поранешен генерал и командант на 58-та армија, кој сега е пратеник во Долниот дом на парламентот.

„Не разбирам зошто тие цело време не ја оценуваа правилно ситуацијата, не ја зајакнаа групата. Проблемот е основна лага, извештај за добра ситуација…. Целиот проблем не е на теренот, туку во Министерството за одбрана, каде што тие сè уште не разбираат, сè уште не ја контролираат ситуацијата. Додека целосно не се појави нешто друго во Генералштабот, ништо нема да се промени“, рече тој.

Рускиот патријарх вели дека загинувањето во Украина „ги измива сите гревови“

Дури и на главните државни ТВ канали во земјата, кои служат како примарен извор за вести за огромното мнозинство Руси, тонот во последниве денови стана поприсебен. Главните вечерни преноси избегнаа експлицитно спомнување на поразот и повлекувањето на Лиман. На Росија-1, која ја гледаат милиони гледачи, бомбастичниот водител на водечката емисија во неделата вечер, Дмитриј Кисељов, зборуваше за „тешка“ ситуација во Донбас.

Водителот на руските државни медиуми Дмитриј Кисељов
Водителот на руските државни медиуми Дмитриј Кисељов

И во вечерното ток-шоу на Росија-1, чии дебати долго време веродостојно го поддржуваа Кремљ и остро го критикуваа Западот, Владимир Соловјов, про-Кремљ ТВ водител, предупреди дека дури и додека мобилизацијата продолжува, Русите не треба да очекувајте добри вести на краток рок. „Ова значи дека за одреден временски период работите нема да ни бидат лесни. И во моментов не треба да очекуваме добри вести. Ни треба „долга волја“ и стратешко трпение“, рече Соловјов.

Украинските сили велат дека руските војници бегале во цивилна облека
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Во Украина, официјалните лица радосно забележаа дека обвинувањата сега излегуваат на површина. Во видеото објавено на 1 октомври, самиот претседател Володимир Зеленски го истакна озборувањето: „Патем, тие веќе почнаа да се гризат таму: ги бараат виновниците, обвинувајќи некои генерали за неуспесите“, рече тој.


„Руско признавање на пораз или отстапка: тоа не е во картите“

Рускиот пораз во Лиман и жестоките критики беа во контраст со триумфалната продукција што Кремљ ја организираше еден ден пред падот на Лиман, кога Путин беше домаќин на детална церемонија за прогласување на анексијата на четири украински региони, вклучувајќи го и оној во кој се наоѓа Лиман.

„Главната точка на говорот е дека Путин нема да запре, без разлика на цената. Говорот беше некохерентен и расфрлан, што укажува на тоа дека нема јасна стратегија“, оценува Маргарита Завадскаја, политиколог во Финскиот центар за руски и источноевропски студии на Универзитетот во Хелсинки, додавајќи: „Рускиот режим ја манифестира својата персоналистичка природа и чист недостаток на какви било ограничувања“.

Критиката, исто така, се совпаѓа со зголемената нервоза кај многу Руси во врска со конфликтот во Украина, особено со непожелниот повик на Путин за мобилизација на стотици илјади резервисти и други за борба. Тоа доведе до масовен егзодус на руски мажи и жени кои бегаат од земјата. Тоа, исто така, доведе до документирано зголемување на вознемиреноста ж кај Русите, според повеќе анкети на јавното мислење.

Наредбата за мобилизација, вели Никси, од Чатам Хаус, сугерира дека Путин е целосно изолиран од реалноста за тоа колку лошо оди руската кампања во Украина.

„Не мислам дека тоа е незнаење, неодамнешните настани на мобилизација сугерираат дека на Владимир Путин му се даваат попрецизни информации. Нему му е кажано дека не оди премногу добро, и затоа тој прави потези да го смени бројчаникот“, рече Никси, додавајќи:

„Најмалку веројатната опција од сите е каков било вид на руско признавање на пораз или отстапка или дури и навистина одење на преговарачка маса. Тоа во моментов го нема во картите. За Кремљ е попожелна долготрајна војна отколку кратка војна во која нема можност да се продаде победа“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG