Достапни линкови

„Ги учат децата да мразат“: „русификација“ на украинските училишта


На окупираните делови на Украина им се заканува лишување од родителски права доколку не ги испратат своите деца во промосковски училишта оваа есен.
На окупираните делови на Украина им се заканува лишување од родителски права доколку не ги испратат своите деца во промосковски училишта оваа есен.

Родителите и воспитувачите во областите окупирани од Русија во јужна Украина велат дека окупаторските власти користат уцени за да ги принудат да соработуваат со про-московските училишта што се создаваат за следната учебна година. Oлександар Јанковскиj

Извори за Украинската редакција на РСЕ велат дека окупаторските власти им кажуваат на родителите дека би можеле да ги загубат своите родителски права доколку не добијат руски пасоши и не ги испратат своите деца во одредените училишта.

„Локалните жители не сакаат да ги испраќаат своите деца во овие училишта, но тие се исплашени“, вели Серхиј Шишковскиј, наставник по историја во регионот Керсон. „Луѓето се плашат да не ги загубат своите деца и не знаат како да одговорат на овие барања“.

„Во градот Енерходар (во северозападниот дел на руската контрола на регионот Запорожје), дефинитивно има притисок врз родителите и децата во врска со усогласувањето со руските закони за следната учебна година“, рече една наставничка од Енерходар која побара да не да биде идентификуванa поради страв од реперкусии од Русите.

Таа додаде дека окупационите власти регрутираат наставници и друг персонал за училиштата што ги формираат. „Тие бараат персонал, но би сакала да забележам недостаток на соработка од нашите наставници. Можеме да бидеме горди на ова. Моментално имаат недостиг од наставници. Ми беше кажано дека се јавувале на наставниците, па дури и ги посетувале нивните домови“, изјави таа. Колку што знаела, само двајца учители се договориле да работат во новите училишта.

оштетено училиште по руски ракетен напад врз Харкiв, 07 јули 2022 година
оштетено училиште по руски ракетен напад врз Харкiв, 07 јули 2022 година

Украинските власти обвинија дека Москва се подготвува за долгорочна окупација, па дури и анексија на областите на Украина што го поврзуваат источниот регион Донбас, каде што Русија поттикна сепаратистичка војна во последните осум години, и украинскиот црноморски регион Крим што Москва насилно го анектираше во 2014 година.

Во интервју за Ројтерс на 8 јули, рускиот амбасадор во Британија Андреј Кулин, рече дека е малку веројатно Русија да ги повлече своите сили „од јужниот дел на Украина“. Кон крајот на јуни, воените окупациски власти во регионот Керсон објавија дека подготвуваат „референдум“ за приклучување кон Русија.

Украински градови цел на воздушни напади додека руските сили навлегуваат во регионот на Доњецк

На 4 јули, Москва назначи окупациска „влада“ за деловите на Херсонската област под контрола на Русија, именувајќи го Михаил Родиков, општински функционер од Московската област, за „министер за образование и наука“. Родиков го предводеше де факто одделот за образование на владата во кримскиот град Севастопол по руската анексија на регионот.

Според украинската истражувачка новинарка Валентина Самар, Родиков бил вмешан во неколку скандали за време на неговиот мандат во Севастопол 2015-18 година, по еден од кои бил принуден да поднесе оставка и да се врати во Русија. „Тоа е чудно назначување, особено ако се земе предвид дека Родиков има 64 години и наскоро треба да се пензионира“, рече Самар, додавајќи: „Но, претпоставувам дека сè уште има барут во него, па доаѓа во Керсон да воспостави систем на руско образование“.

оштетувањата во училиште во село Кутузивка
оштетувањата во училиште во село Кутузивка

На исток, во црноморскиот пристанишен град Мариупол, окупаторската администрација испраќа учители во Москва на „сертификување“, вели Петро Андриушченко, помошник на градоначалникот на градот кој го поддржува Киев.

Во објава од 2 јули на Телеграм, Андрјушенко рече дека окупационите власти инаку неформално им забраниле на сите наставници да го напуштаат градот. Во мај, тогашната украинска омбудсманка за човекови права, Људмила Денисова, тврдеше дека окупациската администрација во Мариупол, која во голема мера била уништена и населена од жестоки борби пред да биде заробена од руските војници во мај, развила планови за „целосно русифицирање на образованието со воведување на нивните стандарди “ во наредната академска година.

Максим Бородин, член на градскиот совет на Мариупол, прокиев, изјави за РСЕ дека руската образовна програма е преполна со „пропагандни лекции“. „Тие директно ги учат децата да ја мразат Украина“, рече Бородин.

„Во таканаречените лекции „историја“, тие велат дека Украина е виновна за започнувањето на сегашната војна и негираат дека Русија ги нападна Украина и Мариупол и дека го создала целиот овој ужас. Цивилите во окупираните области се особено ранливи затоа што Русија намерно создаде „информативен вакуум“ таму, отсекувајќи ја областа од украинските даватели на интернет и мобилни услуги и надворешните медиуми, изјави поранешната украинска министерка за образование и наука Лилија Хриневич.

„Тие често немаат пристап до Интернет и гледаат само руска програма на телевизија“, рече Хриневич за РСЕ, додавајќи: „Сето ова го слушаат и децата. И потоа одат на училиште каде што окупаторите...целосно го контаминираат образовниот простор со своите наративи. „Колку подолго се случува ова, толку повеќе се инфицира нивната свест, особено кога немаат соодветни вистински информации и се чуваат во изолација“, додаде таа. Целта на Русите, заклучи таа, е „уништување на украинскиот национален идентитет“.

Родителите на руските регрути стравуваат дека синовите ќе бидат испратени во Украина

„Затоа тие веднаш почнаа да палат книги за украинската историја. Затоа тие почнаа да се мешаат во образовниот систем и да ги уништуваат нашите училишта“, рече Хриневич. Според Украинското државно обвинителство, 1.971 училиште биле оштетени откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Околу 194 од нив се целосно уништени.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG